Балистите не можеа да скандираат „УЧК, УЧК“. Штета.

Навивачите на Шкендија се пожалија дека не ги пуштиле на мечот Македонија - Албанија иако прописно набавиле карти за натпреварот. Две работи:

Прво, факт е дека ако имаш карта треба да бидеш пуштен на утакмица, ако си пристоен и не правиш нешто кое може да биде оценето како безбедносна закана. Ако второво навистина било причина, органите кои донеле таква проценка треба да ја објаснат одлуката.

Второ, од каде толку карти бе дечки? Оној муабет „само затоа што сме Албанци“ не може ли да се каже и за набавката на тоа туце? Бидејќи ние знаеме десетина луѓе кои никако не успеаја да дојдат до билет. „Само затоа што се Македонци?“

Ама да, ќе беше фер да бидете пуштени па и вие да ја бодрите репрезентацијата на својата татковина.