Дечки сте го утнале градот, Бенфика не игра во тој Франкфурт

Двајца португалски навивачи имаа желба во живо да му дадат поддршка на својот тим во четвртфиналето од Лига Европа, но ниту тие го одбранија резултатот од првиот дуел, ниту момциве го погодија стадионот. Повеќе среќа следниот пат.

Алваро и неговиот другар кои навиваат за Бенфика изгледа се скарани со географија, а не баратаат добро и со мапи.

Дечките се откорнале од возење со кола бидејќи од Португалија до Германија им биле потребни преку 16 часа, но кога стигнале во Франкфурт и се пофалиле на социјалните мрежи, еден им искоментирал дека се наоѓаат во погрешен град.

Каде е утката?

Дечките пишале фино лепо на Гугл мапс Франкфурт, ама место во Франкфурт на Мајна, стасале во Франкфурт на Одра.

Тоа значи дека нема назад или поточно немале шанси да стасаат за натпреварот бидејќи двата града се оддалечени 600 километри.

19 април 2019 - 09:09