Жестока тепачка во НБА на мечот Кливленд - Торонто

На секунда пред крај на 3. четвртина, центарот на Торонто Серж Ибака му се сипа на ривалот од Кливленд Маркис Крис

Откако во дуел со Крис не прифати една топка која од крајот на теренот му ја фрли соиграч, Ибака падна на паркетот а Крис нешто му дофрли. И толку требаше:

Двајцата очекувано беа исклучени и ги очекуваат казни. Во тој момент Кливленд водеше 91:77, Кавалерси ја сочуваа предноста до крајот и славеа 126:101. 

12 март 2019 - 13:27