Се сеќавате ли кога Коби даде 81 поен на еден натпревар?

На денешен ден, 22 јануари, пред 13 години, ЛА Лејкерс го совлада Торонто со 122-104. На овој меч Коби Брајант постигна 81 поен со 6 скока, 3 украдени топки и 2 асистенции. 55 поени Коби даде во второто полувреме од кои 27 беа во третиот период.

Рекордот и натаму го држи Вилт Чембрлен - 100 поени на еден меч во 1962 година.

22 јануари 2019 - 15:25