Многу, многу луд непризнат кош на Харден со чистач на сред терен

На големото дерби Сан Антонио - Хјустон при една контра, Џејмс Харден заби, ама поените контроверзно му беа поништени затоа што топката чудно се врати од мрежата и излезе надвор од обрачот. Тоа беше при резултат 104:89 за Спарси кои на крај после продолженија победија со 2 разлика 135-133.

Судиите го поништија кошот на Харден кој со овие поени на крај ќе имаше вкупно 50 постигнати. „Брадата“ направи историски рекорд на овој меч со 24 погодени слободни фрлања, но на крај залудно затоа што Рокетс дури и после водство од 22 поени, на крај изгубија:

На Западот, Хјустон во моментов е на 5. место а Сан Антонио дури на 12-то.

4 декември 2019 - 14:45