Зошто Пиоли (според навивачите) не е баш за Милан

16 години кариера, 12 екипи, 0 трофеи и плус многу добиени откази. Веста за смената на Џампаоло, не донесе баш некоја радост кај навивачите на Милан. Плус ова е осмо тренерско отпуштање за пет години, што значи можеби и не е веќе до тренерот м?

Ако првичната статистика од 16 годишната кариера на Стефано Пиоли не е доволна, значи НУЛА трофеи, тогаш одиме со овој податок кој сигурно уште повеќе ќе ги “усреќи“ Миланистите.

Бидејќи не се памети веќе кого сè отпуштија, ова се сите имиња кои имаа неуспешен обид да го одржат нивото кое го држеше Карло Анчелоти во клубот. Милан на некој начин изгоре дел од своите легенди.

Уште не облекол тренерка од Милан, а навивачите веќе бараат од управата да го отпушти. Врие на социјалните мрежи.

9 октомври 2019 - 16:27