Комфорна зона

Зошто Холандија се посрамоти - каде лежи проблемот во нивниот фудбал

Селекцијата која играше финале на Светско 2010 и освои бронза на Мундијалот 2014-та поминува низ кошмар. Лани останаа без ЕП 2016, а сега нема да одат ни на Светско.

Тренери

Светското во Бразил 2014 беше одлично за Луј ван Гал и неговата репрезентација: го згромија актуелниот светски шампион, Ван Перси даде чудо од гол, неочекувано менуваа голман пред пенал серија и го победија Бразил во мечот за бронза.

„Портокаловите“ светеа како злато - секој играч си ја знаеше својата задача, секој беше корисен и секој доби свое време на турнирот. И тоа во формација 3-5-2.

Викаа дека по заминувањето на Ван Гал ништо страшно нема да се случи со холандската репрезентација. Дека сè било реализирано година дена однапред: во квалификациите за Европско селектор им стана волшебникот Гус а на патот за Светското во Русија ги водеше неговиот помошник Блинд. И двајцата беа катастрофални.

„Очај“, „Мизерија“, „Срамота“ беа само дел од насловите на холандските весници и телевизиски канали за играта на Орање. Хидинк бесупешно ги менувал играчите но никогаш не ја погоди добитната комбинација и ја остави репрезентацијата со ништо.

Блинд се нафати да ја преземе Холандија но со него резултатите беа уште покатастрофални од почетокот.

Дени Блинд доби уште една шанса - Федерацијата одлучила дека за лошите резултати на стартот е виновен само Хидинк а не и неговиот помошник, па младиот специјалист доби уште една прилика.

Но ја утна работата и се заврши со неславно бркање на Блинд од селекторското столче во март годинава затоа што под негово раководство репрезентацијата на Холандија изгуби од сите конкуренти за пласман на ЕП 2016: Исланд, Турција, Чешка, Франција и Бугарија.

Како единството и страста од 2014-та брзо се претвори во апатија и хаос? Едноставно е: некој влечел погрешни избори. И тоа три пати.Никој не може да му ги оспори способностите на Гус Хидинк кој каде и да беше селектор ги носеше репрезентациите на Светско, но неговото време веќе помина. Тој е претставник на старата холандска школа и може да ги води ОАЕ, Кина или Тринидад и Тобаго, но не е на нивото за Холандија.

Но еве, Блинд не е од старите?

Тој може да се нарече претставник на младата генерација холандски тренери, но беше најлош избор од сите можни. Блинд нема ни статус, ни искуство, ни харизма ни доверба. Чудно е што сојузот се решил за селектор да постави човек кој во кариерата за само една сезона успеал да упропасти екипа од играчи како Стекеленбург, Хејтинга, де Јонг, Снајдер, Хунтелар и Бабел?

Во Холандија нема дефициц од тренерски кадар - пример е Петер Бош кој го однесе Ајакс во финалето на Лига Европа исто со формација 4-3-3 (каква што играа Хидинк и Блинд) а денес е убедливо прв во Бундеслигата со Борусија. Тука е и Ерик тен Хаг - најдобриот тренер во Холандија од претпминатата сезона (и еден од најдобрите минатата) којшто игра во формација 3-5-2.

Или зошто да не Филип Коку кој освои две титули со ПСВ и за малку не влезе во четвртфинале на Лига на шампиони откако изгуби на пенали од Атлетико. Или Џовани ван Бронхорст кој на Феенорд му ја донесе првата титула после долги години пост.

Значи тренери има, лош е изборот на федерацијата.

Менаџери

Ханс ван Брекелен

Како и со секоја федерација, така и со KNVB - Кралскиот фудбалски сојуз на Холандија управуваат многу луѓе но нас не интересираат две фигури - Берт ван Оствен и Ханс ван Брекелен.

Ван Оствен работи на местото директор на фудбал во сојузот од 2010 година. Зад неговото име стојат неколку успехи - Холандија добила организација на женското Еропско а Амстердам на машкото во 2022. Но Ван Оствен промашил со наследниците на Ван Гал.

По завршувањето на СП 2014, холандскиот печат го нарекуваше Куман наследник на Ван Гал, тука имаше и други кандидати но Роналд беше фаворит за селектор. Самиот Куман не криел дека би сакал да работи со репрезентацијата, но Ван Оствен и неговите колеги не се решиле да експериментираат и тргнале по „безопасен пат“ - го назначиле Хидинк.

На обвинувањата во духот на „време е место да добијат помладите“, одговорил дека Гус го спрема својот помошник Блинд за наследник. Тие две грешки го чинеа Ван Оствен кариера во Федерацијата. Во есента минатата година неговото место го презел Гејс де Јонг кој станал оперативен директор а должноста технички директор ја добил Ханс ван Брекелен, поранешен Европски шампион од 1988.

Ван Оствен

Што ја одбележа работата на легендарниот голман? Реконструкција во стручниот штаб: асистенти на селекторот станаа ван Нистелрој и ван Бастен, тренер на голманите стана Арн ван Звам, селектор и менаџер на женската репрезентација станаа Арјен ван дер Лан и Минке Боеј а епопеја бидна изборот на главен селектор на машката репрезентација.

Адвокат доаѓа па не доаѓа, Гулит доаѓа па не доаѓа, а избувна и скандал поврзан со секта: новинарите откриле дека другарот на Ван Брекелен кој ја презел должноста психолог во женската репрезентација бил вмешан во организацијата на некоја секта.

И на крајот се заврши со назначување на Дик Адвокат за селектор на Холандија (трет пат во кариерата): да Дик е тренер за кризни моменти но на 70 години стана највозрасниот селектор во историјата на Оранје (последен пат ги водеше Сандерленд, Србија и Фенербахче).

Интересно, самиот Адвокат пред промоцијата изјавил дека е далеку од кратката листа на кандидати. Алибито на сојузот било: Никој од холандските тренери не може да го реши административниот хаос во Холандската федерација како авантуристот Адвокат.

Со него Холандија изгуби од Франција и Холандија и на крајот останаа без Светско 2018.

Новиот директор задолжен за фудбал Ван Брекелен едни го сметале за некомпетентен, други за кариерист и „волк во овчја кожа“ (цитат од колумната на спортскиот уредник на еминентниот De Telegraaf).

Општ заклучок е дека холандската фудбалска репрезентација пати од административен хаос. Ван Бекелен во август дал оставка а нов технички директор не бил назначен до ден-денешен.

Смена на генерации

Порано или подоцна тоа се случи со сите најдобри светски репрезентации - Франција, Германија, Шпанија, Бразил, Англија, Италија. Понекогаш оваа смена на генерации оди болно како на времето на Холандија на Ван Бастен.

Робен, Снајдер, де Јонг, ван Перси, Хунтелар просто остареа - тоа е приметно. Од друга страна доаѓа генерацијата на 17-годишниот де Лихт - талент, перспектива, надеж и потенцијал кои на негова возраст се нормални. Но не е нормално што нема систем за подготовка на кадар.

Порано скалилото на фудбалери од Холандија одеше вака: од јуниори и младинци одиш во Топ-клуб (Ајакс, ПСВ или Феенорд), потоа влегуваш во првиот тим, па во репрезентација и веќе од 22 до 25 години си спремен за една од најсилните лиги на светот како зрел фудбалер.

Најголемите ѕвезди на холандскиот фудбал ја напуштаа Ередивизија на: Давидс 23 години, ван дер Сар 29, Рајзигер 23, ван дер Варт 22, Снајдер 23, Хунтелар 25, Стротман 23, Блинд 24, Кајт 26, Макај 22, ван Бронхорст 23, ван Нистелрој 25. Меѓу странците кои играа во Холандија можно беше да ги видиме како ја напуштаат: Киву (23), Вертонген (25), Ибрахимовиќ (23), Суарез (24), Литманен (28).

Денес нормално е после една сезона клинците да бегаат а ретко кој знае за Летсхерт, Ел-Гази, Кишна, Базур - сите играа за Холандија, сите рано направија трансфер во Европа но никаде не успеаа (Боетинос и Кишна дури се вратија во Ередивизија).

Баст Дост и ван Волфсвинкел попрво играат во просечни европски клубови отколку да се вратат дома. Кариерата на Мемфис Депај е исто изгубен идентитет затоа што веќе има 23 години а не игра ништо.

Слаба лига и финансиски проблеми

Ередивизија никогаш не бил топ првенство. Освен Ајакс, ПСВ и Феенорд се друго било сув просек. Одвреме-навреме скокаат АЗ, Херенвен или Твенте но никој не може да ја загрози оваа тројка. Уште помалку можат Гронинген, Утрехт, Витезе или Цволе. Меѓу триото лидери и другиве има колосална разлика. Но и триото има проблеми.

Сезонава почна мизерно за холандските клубови: Ајакс загуби од Ница во квалификациите за ЛШ, а потоа се сопна од Розенборг во плејофот за Лига Европа; ПСВ се мачеше ни помалку ни повеќе со скромниот Осиек; Хрватски Утрехт настапи достојно но испадна од Зенит; Феенорд и Витесе во групната фаза изгубија два од два меча при што Ротердамците со брзи чекори одат кон анти-рекорд во Лига на шампиони.

Денес Холандија го зазема 11. место на табелата на коефиценти на УЕФА така што до пропаст ги дели мал чекор.

Голем дел од холандските клубови заработуваат по 5-6 милиони евра од телевизиски договор со FOX Spots - тоа се „трошки“ во однос на Топ5 лигите. Во Холандија не може секој клуб од трета лига кога ќе се пласира во втора да земе многу бонуси.

Твенте за малку не ја изгуби професионалната лиценца поради финансиски проблеми, АЗ го помина најтешкиот период со банкрот на главниот спонзор. Ајакс и ПСВ исто „кубурат“ со пари а Феенорд неодамна за малку не прогласи банкрот. На тој пат во моментов е Ден Хаг а проблеми има и Рода.

Талентираните Скандинавци веќе не одат во Холандија како некогаш. Платите се помали (во Ајакс и Феенорд можеби ќе стигнат до милион евра годишно но на друго место тешко).

Веќе ниту скаутите не одат во сиромашните земји да „ловат“ таленти затоа што се нема доволно средства за сите континенти. Притоа Холанѓаните веќе не умеат да тргуваат: Во епоха на мега-трансфери Ериксен и Блинд отидоа за помалку од 20 милиони евра посебно.

Конзервативност

Холандскиот фудбал застана во ’90-те. Иако се творци на тоталниот фудбал, тие ништо не сменија. Филозофијата 4-3-3 мора да напредува затоа што фудбалот е како и животот, плива по течението на реката.

Холанѓаните веќе извесно време стојат во модернизација на академиите, новите технологии и експериментите, па и во работата со навивачите и маркетингот. Никако да ја напуштат комфорната зона. Зошто на местото директор на Фудбалската федерација не го поставија младиот Герард Нејкамп туку ветеранот Ханс ван Брекелен? Зтоа што вториот бил близок човек со Извршниот совет во федерацијата.

Зошто Ван Оствен го избрал Хидинк а не Куман? Затоа што првиот бил „безопасна“ варијанта. Зошто раководството на Ајакс во конфликтот меѓу Бош (тренер кој ги однесе во финале на Лига Европа) и Бергкамп застана на страната на вториот? Затоа што Денис и неговиот другар асистент на Бош во клубот се подолго и наводно поголеми „ајаксовци“.

Холандските фудбалски работници не сакаат да отстапат од принципите на својата филозофија на игра. Но како што говореше големиот Валериј Лобановски: „Принципите не се менуваат, само се усовршуваат“. За крај, Холанѓаните го љубат фудбалот. Оваа игра е национален спорт број 1. И мора да се решат да излезат од комфорната зона и да почнат реформи што е брзо поскоро за светот повторно да учи од нив.