Вработи се во Силекс како фудбалер, плата 20.000

Немаш работа, а сакаш да бидеш фудбалер? Вработи се во Силекс Кратово, ама побрзај бидејќи имаш шанса уште три дена. Не ти треба CV.

Друштвото за спортски дејности или поточно ФК Силекс има објавено оглас за фудбалер. Не е ова досега невиден оглас, бидејќи Вардар и Пелистер имаа вакви повици, ама пак е некако смешно да бараш играчи преку оглас.
 
Сепак не се работи за пекара, супер маркет или некоја слична дејност за која вообичаена пракса е да се отвори оглас.
 
 
Нејсе. Она што повеќе загрижува е платата. Зарем треба воопшто да ја отвораме темата за НЕадекватната плата која ја нудат.
 
Силекс не е Барселона, ама сепак се работи за фудбал и тоа прволигашки, а 20.000 не е ниту просечна плата во Македонија според официјални бројки.
 
 
Во дополнителниот допис и нема што друго да се нотира. Не кажуваат за која позиција се работи, а ниту напишале потребни квалификации, што значи оставаат простор да се пријави и некој со две леви нозе.
 
Колку и да се правиме наудрени, за жал тоа е реалната слика во нашиот мак фудбал. Играат за 300 и нешто евра. Бедно.
 
 
Бонус за 15 постигнати гола? Југо со плин.
 
Инаку Силекс изминатава сезона заврши на петта позиција со само еден бод помалку од Шкупи кој ќе игра квалификации за Лига Европа.
 
Што е проблемот не те бива за фудбалер? Епа вработи се како тренер. Исти се условите.
 
ФК Силекс на оваа Фејсбук страна има профилна слика со 10 играчи. Инаку ќе ве потсетиме и како славеа победа против Вардар.
11 јуни 2018 - 12:29