Крузеиро испадна од лига првпат во 98-годишна историја

Изминатиот викенд славниот бразилски клуб Крузеиро од градот Бело Хоризонте, кој беше еден од само 4 клуба кој никогаш не испаднале од првата лига, мораше да се помири со најтешките моменти во своето постоење.

Крузеиро е 4-кратен шампион на Бразил, 2-кратен освојувач на Копа Либертадорес (1976 и 1977) и 6-кратен шампион во Купот на Бразил. Важи за еден од најголемите клубови на Бразил во кој своите кариери ги почнаа легендарните Роналдо и Дида.

Овој клуб има богата историја, основан е пред 98 години, а сега ќе мора да игра во втора лига. До сега, единствено Сао Пауло, Фламенго, Сантос и Крузеиро никогаш немаа испаднато од бразилската Серија А.

Во 85’ минута екипата предводена од тренерот Абел Брага го прими и вториот гол на гостувањето кај Гремио (2:0) и тука заврши нивната приказна во првата лига.

На крајот од сезоната, после 38 кола, Крузеиро собра само 36 бода што не беше доволно за опстанок. За жал на нивните навивачи, ниту победа против Гремио немаше да го спаси клубот од испаѓање, затоа што главниот ривал во борбата за опстанок, Сеара во последното коло одигра нерешено и се спаси. Заедно со Крузеиро испадна и Шапекоенсе.

Стотина навивачи на Крузеиро кои допатуваа на гостувањето кај Гремио, не можеа да се помират со болното испаѓање па почнаа да кршат и фрлаат столици на терен, поради што мечот беше во краток прекин: