Вероника Рабио - најпознатата мајка менаџер во светот на фудбалот

Летово Јувентус е најактивен играч на трансфер пазарот. Клубот го смени тренерот, потпиша со Арон Рамзи, со левиот бек на Рома Лука Пелегрини и со одличниот Адриен Рабио. Наскоро во клубот би можел да дојде и ултра талентираниот штопер Де Лихт.

Меѓу сите нив најинтересен е Рабио, 24-годишниот Французин околу кој се одвиваше права шпанска серија.

РАБИО ИМА ПРОБИВНА МАЈКА: ТАА БАРАЛА ОД АНЧЕЛОТИ ДА ЈА ЗЕМЕ НА ПОДГОТОВКИ, А ОД ТРЕНЕРОТ НА ТУЛУЗ ДА ЈА ПУШТИ НА ТРЕНИНГ

Детството на Адриен Рабио било стандардно: тој се родил во француската провинција и преоѓал од една во друга фудбалска школа. Единствено за помен од тој период му е престојот во Манчестер Сити во 2008 година. Престојот таму му завршил после шест месеци, зошто 13-годишниот Адриен ретко играл за тимот на Сити У13.

Во 2007 година Мишел Рабио, татко му на Адриен преживеал мозочен удар, но останал во целост парализиран. Единствено што може да прави е да трепка со очните капаци.

Болеста на Мишел е една од причините поради кои Вероника Рабио, мајката на Адриен, се фокусирала на кариерата на својот син за кого исклучиво таа води сметка. Вероника Рабио е менаџер на фудбалерот кој од ПСЖ направи трансфер во Јувентус. Таа учествува во преговорите, договара детали и настапува во негово име во медиумите.

Во Франција Вероника има репутација на челична лејди, која прави се што треба за доброто на синот.

Во 2010 година Рабио се нашол во младинската академија на Пари Сен Жермен, а после две години Карло Анчелоти почнал да го вика со постарите играчи во прв тим. Во летото 2012 италијанскиот доктор го земал Рабио на предсезонските подготовки во Катар, но се испоставило дека и Вероника сакала да оди таму. Кога клубот ја одбил, таа му се жалела лично на Анчелоти.

„Ме насмеа зошто ја сретнав во кабинетот на Карло. На Анчелоти многу му го имаа стравот, но таа беше настроена воинствено и од ништо не се плашеше“, се сеќава вработен во управата на ПСЖ, Мартин Мулен.

На крајот Рабио сакал не сакал морал да оди во Катар на припреми без мајка му Вероника, а во втората половина од сезоната 2012/2013 го пратиле на позајмица во Тулуз. Вероника отишла со него и уште во првиот ден имала чудно барање до тренерот Ален Казанова:

„Никогаш немав проблем со Рабио, но еднаш избувна со мајка му. Таа сакаша да ги гледа сите тренинзи на екипата. Јас не сакав Адриен да чувстува нелагодност што мајка му е на сред терен, и затоа ја одбив“, рекол францускиот тренер Казанова.

Во Франција одамна се прават мемиња со моделот на однесување на Вероника. „Таа учествува во сите негови одлуки, решава за се што е поврзано со него. Во целост го контролира Адриен“, рекол францускиот новинар Доминик Северак.

Во Париз додека играше за ПСЖ Рабио живеел во стан со мајка му.

Но Рабио е уверен дека мајка му секогаш е во право: „Во фудбалот мајка ми се прави исправно. Има големо животно искуство. Некогаш луѓето не ги разбираат нејзините ставови. Дури и јас некогаш не ја разбирам, но верувам дека секогаш е во право“.

ПОЗИЦИЈАТА МУ ЈА БАРАА И БЛАН ИЕМЕРИ И ТУХЕЛ, А ВО ЛЕГЕНДАРНИОТ ДЕБАКЛ ОД БАРСА ВО 2017 ТОЈ БЕШЕ НАЈДОБАР ИГРАЧ

По кратата позајмица во Тулуз, Рабио стандардно играше за првиот тим на ПСЖ. Почна од сезоната 2013/2014 кога имаше 19 години и играше по 20-ина натпревари во Лига 1.

Стандарден беше и кај Лоран Блан и кај Анчелоти и кај Емери и Тухел. Сите биле „купени“ од универзалноста на Адриен Рабио: дечкото е одличен во пресинг и посед на топка, има добар пас и преглед на игра.

Единствен проблем за сите тренери бил изборот на оптимална позиција за Рабио. Теоретски тој може да игра на која било позиција во среден реден, но самиот сака да игра поблизу до нападот. Оваа особеност ја приметил и Тухел:

„Адриен е многу интересен играч. Мене многу ми се допаѓа во средниот ред, но сигурен сум дека може да игра и во напад. Работата не е во неговата позиција, туку што тој ќе мора да мисли како напаѓач“.

Проблемите со позицијата не му сметале да стане важен штраф од тимот. Најдобри партии во кариерата имаше во пролетта 2017 на двомечот од осминафиналето со Барселона во Лига на шампиони. Прво во Париз кога тотално го неутрализираше Меси а ПСЖ ја прегази Барселона, а потоа и на чудесниот реванш каде Барса славеше со 6:1 и се пласираше во четвртфинале.

Благодарение на Адриен ПСЖ лесно се одрече од Блес Матуиди кого го продаде во Јуве во летото 2017.

ДЕШАМ НЕ ГО ВИКНА НА СВЕТСКО 2018 ПОСЛЕ ШТО РАБИО ОДБИ ДА ИГРА ЗА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА

Сезоната 2017/2019 беше најдобра во кариерата на Рабио. Тој одигра 33 меча во Лига 1 и постигна шест гола (и двата параметри рекордни).

Нормално, очекуваше селекторот Дешам да го викне за Светското во Русија. Но на почетокот на мај Рабио доживеа големо разочарување: Дидие не го стави на поширокиот список на Франција, после што Адриен постапи радикално и одби да настапува за репрезентацијата.

Ваквата негова одлука ја разгневи француската јавност

„Ќе настинеше ако играше со Ирска“ 

После неколку дена Рабио му напишал отворено писмо на Дешам во кое ја објаснил својата одлука. Поради тоа решение, неговата кариера во репрезентацијата е привремено паузирана.

ПСЖ ГО ПРАТИ ВО РЕЗЕРВНИОТ ТИМ ЗОШТО НЕ САКАШЕ НОВ ДОГОВОР

Сезоната 2018/2019 беше неверојатно тешка за Рабио.

Кај Тухел почна да игра стандардно и неколку пати ја носеше капитенската лента. Проблемите почнаа во октомври лани поради несогласувања за новиот договор со ПСЖ: Тој одби да го продолжи договорот кој му истече на 20 јуни 2019 година.

Немаше многу детали од конфликтот, но француските медиуми пишуваа дека двете страни не се договориле за платата: клубот нудел 7 милиони евра, а Вероника барала 10 милиони и исти бонуси.

Рабио и мајка му три пати ги одбивале понудите на ПСЖ а нов договор после што на клубот му прекипело и во декември го пратиле со резервниот Б тим, на страна од Нејмар, Мбапе, Кавани и другите.

Интересно, претходниот договор со ПСЖ го потпишале исто со проблеми. Тогаш на почеток најка му се расправала за платата, па почнала преговори со Арсенал, а на крај му се извикала на Лорен Блан на паркингот во клупската база.

На сите неволји му се појавила уште една несреќа: во јануари 2019 година по 11-годишна парализа починал татко му Мишел. Во тој месец Рабио требаше да потпише пред-договор со Барселона но во последен момент трансферот бил стопиран (точни информации за причините нема, но по една верзија Барса тогаш се свртела кон Френки Де Јонг, а по друга не сакале да плаќаат пари на менаџерката Вероника).

После ова мајка му на Адриен Рабио во целост ги прекинала односите со ПСЖ. Правилата еден играч да се отстрани од тренинзите со првиот тим според неа не биле спортски принципи поради што се жалела во Лига 1 и професионалниот сојуз на фудбалери во Франција после што ПСЖ го пуштил Рабио да тренира (но тој ниту еднаш не се најде ни на клупата за резерви).

Веќе во март ПСЖ најде нов повод да го отстрани.

МАЈКА МУ ПРАВЕЛА РИЈАЛИТИ ШОУ, ГО КРИВЕЛА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КЛУБОТ ДЕКА ГО РАЗБОЛЕЛ ПСЖ

По болното испаѓање на ПСЖ од Манчестер Јунајтед на домашен терен во последна секунда, Патрис Евра на Инстаграм објавил победнички пост за Манчестер. Рабио му го лајкнал, веројатно од протест кон управата на ПСЖ (во Лига шампиони не беше ниту на клупа за резерви). А после тоа излегол во ноќен клуб. Поради тоа клубот го отстранил 2 недели од тренинзи.

„Сметам дека односот на Рабиот е непрофесионален кон клубот и соиграчите. Да потсетам дека тој е дел од ПСЖ до 30 јуни 2019 година“, рекол спортскиот директор на клубот, Енрике.

Можно е проблемот тука да се смирил ако не била Вероника која одново се вмешала и не му дала на синот да одговори, туку прозборела за L’Équipe:

„Адриен е заклучен. Тој е заложник на ПСЖ. Скоро може да го стават во подрум, да му даваат сув леб и вода. Го држат како заложник зошто одби да го продолжи договорот и они не го уважуваат. Тој бара само едно - почитувајте ги условите на договорот“, рекла Вероника.

Во друго интервју, за French Press Вероника рекла дека шефовите во ПСЖ се блиски само со суперѕвездите:

„Овде едни играчи ги казнуваат што шест минути каснеле на клупски собир, а други кои се повредени смеат да одат на пат околу светот и на карневали“.

Адриен не играл фудбал од 11 декември 2018 година. Од април годинава, тој и мајка му Вероника се помириле со поразот од ПСЖ и мирно барале нов клуб.

ВЕРОНИКА УСПЕАЛА ДА ИСПРЕГОВАРА 10 МИЛИОНИ ПЛАТА ВО ЈУВЕНТУС

Оваа пролет Рабио го бараа Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Барселона, Реал и Јувентус. Вероника барала солидни бонуси, но 10 милиони евра плата годишна е многу дури и за поголеми фудбалски ѕвезди.

Постепено еден по еден клубовите се откажувале од него, а на крај Јувентус останал најзагреан за слободниот играч Рабио.

На 30 јуни Адриен пристигнал во Торино на медицински прегледи, а на 1 јули потпиша договор (9 милиони евра годишно плус бонуси). Повеќе заработува само Кристијано Роналдо. Но платата не е факт дека Рабио ќе игра од старт секој натпревар.

Бјанконерите под водство на Сари најверојатно ќе играат 4-3-3, формација во која на позицијата на Рабио конкурираат Пјаниќ, Бентакур, Кедира, Матуиди, Рамзи, Бернардески и Џан.

Две места се резервирани за Рамзи и Пјаниќ. Миралем е најдобриот играч од средниот ред на Јувентус, а Рамзи ќе игра во средината на теренот, поблизу до десното крило. Не за џабе Јувентус му даде плата од 7 милиони евра годишно. Во секој случај, Рабио го чека ново докажување во сериозна конкуренција. А до кога Вероника ќе биде мирна, ќе видиме.