Вчера го чуваше Мбапе, а денес ги рани свињите 

Домагој Вида е еден од 23-те херои на Хрватска кој се врати дома со сребрен медал. Ама тоа не значи дека сега треба црвен килим да му постават каде што ќе помине. Дечкото уствари го прави тоа што сака да го прави додека е на одмор.

Стоперот на хрватската фудбалска репрезентација кој заедно со Ловрен изгинаа во одбрана, замина да го посети своето родно место Славонија кое важи за земјоделски крај.

А таму зема пченка и ги ранеше свињите. На Фејсбук страницата OPG Crne slavonske Cret ги објавија фотографиите со Вида и напишаа: „Од зелените терени во Русија, на пасиште во Славонија“.

Домагој Вида е член на Бешикташ, а по завршувањето на Мундијалот, Вест Хем понуди за него 22 милиони евра.

Остајте го сега, си ужива човекот во свињарникот.

20 јули 2018 - 15:14