Уште со ориз не сме се нагостиле во Офф.нет

Ние им направивме статија каква што заслужуваат, тие нас ни се заблагодаруваат со кочански ориз. Да знаат само што гурмани работат на овој сајт, ќе сфатат колку сме радосни за вниманието. Продолжете само така дечки и чувајте ни ги сезонските, ќе ви навратиме кога ќе не носи патот.

Ова е статијата за ФК Осогово која ја напишавме баш онака од ќеиф, испирирани од нивниот богат асортиман на информации, стокмени од ланското ребрендирање во сите современи социјални мрежи, како и од начинот на кој го прават тоа.

Ај па бујрум и вие кај нас. За празници вака работиме.

8 август 2019 - 13:21