Уште цицаат, а веќе имаат сезонски билети и тоа доживотни

Една многу ретка и необична вест пристигна од Полска на која неочекувано реагираше дури и фудбалски клуб. Кај нас сличните вакви подвизи проаѓаат со сликање, паради, давање телевизор или парична помош од 500 евра, но во земја на ултраси друг е муабетот.

Мајка во Полска родила шест деца, ама наеднаш, нешто што за прв се случува во оваа земја, а е реткост и општо во светот.

Не знаеме дали и како помогнале или ќе помогнат финансиски властите во оваа земја за овие бебиња, но едно е сигурно, тие во живот нема да дадат пари за карти кога клубот од нивниот роден град ќе игра дома.

Се родиле во Краков, а кога во фудбалскиот прволигаш Краковија дознале за неверојатниот подвиг, решиле да помогнат на следниов начин.

На родителите им нудат шест доживотни сезонски билети за сите бебиња. Каков мад факр потег на клубот кој на Твитер соопшти:

„Во една болница во Краков на овој свет дојдоа шест бебиња. Ова е прв ваков случај во Полска. Не знаеме кои се родителите, но од нас имате доживотни сезонски карти за сите шест новороденчиња. Стегаме палци и се надеваме дека сè е ок. Честитки“.

22 мај 2019 - 16:18