Таткото на Компани стана прв црномурен градоначалник во Белгија

Пјер Компани е нов градоначалник на бриселската општина Гансхорен. Таткото на капитенот на Белгија и Манчестер Сити на локалните избори бил кандидат на Хуманистичкиот демократски центар а на изборите победил со освоени 39% од вкупниот број гласови. Пјер воедно стана и првиот црномурен градоначалник во историјата на Белгија. Пред неколку години син му стана првиот црномурен лидер на фудбалската репрезентација.

 Пјер Компани во 1975 година дошол во Белгија како бегалец од ДР Конго и поради тоа неговиот успех добива на уште поголемо значење. Синоќа Винсент му честиташе на Инстаграм.

15 октомври 2018 - 09:12