Светските прваци во дрога

Со ваква неубедлива игра и само еден освоен бод по првите две кола, селекцијата на Аргентина е многу далеку од освојување на титулата, ама затоа меѓу нив сепак има шампиони кои вешто се обидоа да го сокријат тоа.

Мундијалската еуфорија некој се обиде да ја искористи како гужва и да изработи непристојни златни пехари кои тежат многу повеќе од нормалните.

Аргентинската полиција разбила организација која се обидела да шверцува дрога во златни пехари идентични како оние од Мундијалот.

Ја нарекоа „Наркос де ла Копа“ која се обидела во текот на Светското првенство во Русија да го рашири својот криминален бизнис без никој да ги забележи.

Во операцијата биле уапсени четири мажи и две жени кои во пехарите сокриле 20 килограми марихуана, 10 килограми кокаин, 1.800 дози кокаин, 400.000 пезоси (околу 15.000 долари), како и оружје.

Твитерџиите открија кој стои зад оваа мајсторија :)

25 јуни 2018 - 10:49