Спектакуларен гол на Пандев од скоро пола терен!

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација игра неверојатен фудбал. На денешниот меч против Лече на гости, постигна фантастичен гол за водство на Џенова, а подоцна имаше и асистенција за пеналот со кој неговиот тим зголеми на 0-2. Сепак подоцна, во само четири минути во вториот дел (од 73 до 77) Пандев доби два жолти картони (еден поради симулирање прекршок, а вториот поради фаул) и беше исклучен. Лече на крајот израмни на 2-2.

Прекршокот за втор жолт картон на Пандев:

8 декември 2019 - 18:25