Спалети, стави ја Ванда нека игра против Ајнтрахт на реваншот

Тренерот на Интер ќе има тешка задача да склопи екипа за реваншот со Ајнтрахт Франкфурт во Лига Европа во четврток. По првите 0:0 во Германија, на „Меаца“ нераѕурите ќе бидат практично без пола екипа поради повреди и суспензии.

Неделава е круцијална за сезоната на Интер. Во само неколку дена ќе играат прво со Ајнтрахт реванш во Лига Европа, а потоа градско дерби против Милан.

Поради повреди и суспензии, Спалети ќе мора да го крпи составот, па најверојатно некои фудбалери ќе играат на поинакви позиции од нивните природни.

Во неделата со СПАЛ (2:0) се повредија Миранда (скршеница на носот по дуел со шпицот Петања) и Марсело Брозовиќ кој поради повреда на задната ложа излезе уште во првото полувреме.

Од поодамна повреден е и Раџа Наинголан кој тренирал одвоено, неизвесен е дури и за дербито со Милан, па со суспендираните Лаутаро Мартинез и Азамоа кои добија жолти картони во Франкфурт, Спалети ќе мора да уфрла некои од младинците.

Ситуацијата со Икарди уште е нејасна, така што тој најверојатно ќе го пропушти и овој најважен дуел на Интер во досегашниот дел од сезоната.

Претходно нерегистрирани за Европа се Гаљардини, Жоао Марио и Далберт.

На располагање Спалети ќе ги има: Де Врај, Весино, Кеита Балде, Ранокија, Политано, Борха Валеро, Седрик Соареш, Д'Амброзио, Шкриниар, Перишиќ и Кандрева.

На клупата за резерви би требало да бидат двајца резервни голмани (Падели и Берни), и клинците од младинската школа: Словенецот Мај Рориќ, бековите Ѕапа, Нолан и Корадо, и во среден ред Гавиоли и Скиро'. Вкупно 8 резервни играчи од кои ретко кои има некоја играчка минута во првиот состав.