Сите теории на заговор за местење на ждрепките на УЕФА

Теорија на заговор имало откако е светот и векот, па така и во сегашноста. Ако на Реал игра со Шалке, Баер или Волфсбург, а Арсенал или Рома со Барселона или Баерн во нокаут фаза, одма се наоѓаат луѓе кои тврдат дека има задкулисни игри. Имаат и „факти“ за тоа.

Организаторот на ждрепката, УЕФА, најчесто оваа група на луѓе ја обвинуваат дека им влече лесни противници на топ-клубовите, со цел да има возбудливи дуели меѓу најјаките на самиот крај.

Неодамна корумпираниот и сменет претседател на УЕФА, Мишел Платини раскажал за махинации со ждрепката за Светското првенство 1998 година (Платини беше во организацискиот комитети): Тогаш наводно организаторите ги раздвоиле Франција и Бразил во разни патеки за да не се сретнат до финалето.

А кога долгогодишен претседател на УЕФА зборува за местење на ждрепките, тоа е дополнителен мотив и за оние гореспоменати заговорници.

БЛАТЕР ЈА ОБВИНИЛ УЕФА ЗА ЗАМРЗНАТИ КУГЛИ

Ждрепката на Лига на шампиони отсекогаш била пренесувана максимално отворено, од салата каде со камери се следи секој детал а во публика се претставници на клубовите.

Од таа причина местенка на ждрепката може да има единствено ако оние кои влечат чуствуваат разлика при допирот на куглите.

Ждрепката секогаш ја влечат поранешни супер ѕвезди: на пример во 2016 клубовите по групи ги распределија Анри, Роберто Карлос, Јан Раш и ван Нистелрој.

Најпопуларна теорија за задкулисни игри беше онаа дека организаторите неколку часа пред ждрепката ги замрзнувале топчињата. За тоа раскажал и Јозеф Блатер во 2016-та за аргентинскиот весник La Nacion. Блатер, да потсетиме, имаше повод за вакви неосновани изјави, зошто во декември 2016 му забранија да врши каква било функција, беше обвинет за примање мито и корупција и го сменија од местото прв човек на ФИФА.

„Куглите се ставаат во ладилник пред ждрепката, и мал допир треба за да се сфати која е студена а која не е. Тоа го немаше во ФИФА, но сум го видел тоа при ждрепките на европско ниво“, рекол Швајцарецот.

Во ФИФА наместо Блатер дојде Џани Инфантино, кој од 2008 година се прослави со ждрепките како главен секретар на УЕФА.

Освен тоа, треба да се има предвид дека замрзната кугла во еден сад може да олади повеќе други кугли. Затоа таквиот метод не би можел да се изведе за ждрепките за групна фаза (каде има 32 клуба) или 1/8 финале каде има 16 кугли.

Но од сезоната 2012/2013 има одделна ждрепка за четвртфинале и полуфинале, така што во тој случај би можел да се изведе методот со замрзнати кугли, тврдат заговорниците.

ПОРАНЕШЕН ТУРСКИ СУДИЈА ИЗЈАВИЛ ДЕКА УЕФА СТВАРНО ЗАМРЗНУВА НЕКОЛКУ КУГЛИ

Има една мегапопуларна тероија: наводно во некои кугли има специјален уред кој во моментот на допир вибрира. Оваа верзија ја тврдел поранешниот турски судија Ахмет Чакар (не познатиот Чакир), кој во 90’ години судел мечеви од ЛШ и Куп на УЕФА. По крајот на кариерата тој станал експерт и активно истражувал вакви теории.

Во пролетта 2013, тој гостувал на турскиот тв канал Beyaz и раскажал дека ждрепките за четвртфинале и полуфинале на ЛШ била наместена. Имало две претензии: во 1/4 финале Реал да го добие најлесниот противник - Галатасарај тогаш предводен од Маничини, а во полуфиналето да се раздвојат Реал и Барса, со цел да се сретнат во епско мега финале.

Во прилог на оваа теза, Чакар демонстрирал видео со ждрепка на четвртфиналето, на која Џани Инфантино за време на говорот на човекот кој подоцна го наследи, Маркети, го подместува или подесува садот.

Чакир вели дека Инфантино го направил тоа за да сокрие една кугла која пред време завибрирала.

За да илустрира како функционира оваа ждрепка, Чакир демонстрирал во живо во студио.

Но неговото обвинение е нејасно, затоа што тој само раскажал за технологијата но не дал ниту еден точен и веродостоен факт, а видеото со Инфантино е слаб доказ за неговата теорија.

Прво на видеото на Чакир не се гледа ниту една кугла која вибрира, а второ тоа што докажува дека од наводно местена ждрепка „настрадала“ турска екипа, фрла сомнеж во неговата објективност.

ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ВЕРЗИИТЕ ЗА ШТЕЛАЊЕ СЕ ФЕЈК

Навивачите понекогаш се обидуваат да докажат фалсификат за време на ждрепката, па будно го следат секој потег на оние кои влечат. Во 2016 година поранешната легенда на Ливерпул, Велшанецот Јан Раш за време на ждрепка за групна фаза извлекол една кугла, ја спуштил за да го прочита името на клубот, но тој момент слабо се гледа и многумина посомневале дека тој наводно зел друг лист:

Целата приказна ја зачинуваат и медиумите. Во 2017 година шпански AS ја обвинил УЕФА за местење на полуфиналните парови: тогаш Реал се сретна со Атлетико Мадрид, а на Монако му падна Јувентус.

Според AS, мадридските клубови намерно биле влечени во полуфинале за да се избегне трета година по ред да играат во финалето со што наводно гледаноста на ЛШ би опаднала.

Во епицентарот на скандалот одново се нашол Јан Раш: но овојпат го обвиниле дека кога ја спуштил раката во садот, не ги помешал куглите, туку само извлекол една и се испоставило дека таа била Реал Мадрид. Веднаш потоа Раш го извлекол и Атлетико.

Аргументот би бил поубедлив, доколку во чашата имало повеќе кугли.

ДАЛИ СЕКОГАШ ЗА ВРЕМЕ НА ЖДРЕПКАТА ИМА НЕШТО ЧУДНО?

Најчудната епизода се случила за време на ждребањето на 1/8 финалните парови на ЛШ 2012/2013. Тогаш организаторите спровеле генерална проба за целата церемонија за да проверат дали се работи како треба.

Репетицијата ја покажал англискиот канал Sky Sports и во кадар се појавиле резултати од ждрепката. За тоа збореле следниот ден кога паровите во целост се совпаднале со пробната ждрепка!

Opta оперативно ја пресметала веројатноста на таквиот исход и се испоставило дека шансите за такво нешто се неверојатни 2 160 900 наспрема 1.

Уште една необична епизода на ждрепката имаше во декември 2015, кога Хавиер Занети го извлече противникот на Реал во 1/8 финале. Занети ја спуштил раката во садот, фатил кугла и ја држел додека стисната додека ги мешал останатите. Аномалијата ја приметиле и некои коментатори во преносот:

Занети на Реал му ја извлече Рома која беше условно најлесен противник (алтернативи беа Јуве, ПСЖ и Арсенал). Во двомечот, Реал ја победи Рома со вкупен резултат 4:0. Во 2016 одново го обвинувале Роберто Карлос кој ги влечел тимовите за групна фаза. Тој во еден момент извлекува една кугла, ја спушта и продолжува со мешање:

****

И покрај сите епизоди, УЕФА ниту еднаш не отворила внатрешна истрага, туку повеќето случаеви просто ги игнорирала. Единствен јавен коментар на темата тал генералниот секретар на УЕФА, Џорџо Маркети во 2017 година.

„Како куглите можат да бидат студени или топли? Тоа не е возможно. Смешно“, рекол Маркети.
Логично, најслаба точка на сите теории на заговор е отсуството на докази и сведоци. Освен теориите на Чакар и интервјуто на Блатер, не се појавил ниту еден реален факт, ниту новинарско истражување, ниту отворени или анонимни дојави. Дури ни луѓето од Football Leaks кои открија многу скандали, никогаш не зборувале за ждрепките.

Освен тоа, во целата церемонија се вклучени: поранешни играчи, чиновници на УЕФА, организатори. Не е реално дека во ера на социјални мрежи и многу распространети информации за повеќе од 10 години никаде и никогаш не би процурела таква информација.

Дури и денес, на неколку часа пред ждрепката, на еден твитер профил посветен на навивачи на Ливерпул, се појавил лист кој наводно ги открива паровите од ждрепката за ЛШ.