Meine Talentförderung

Што значи тоа Германецот има систем

Германската фудбалска федерација повеќе од една деценија успешно го води програмот за развој на младите таленти од каде репрезентацијата црпи играчи кои на земјата ѝ носат само и само успеси.

1. Државна програма за развој на талентирани фудбалери

Кај нас ретко кој слушнал за програмата Talentforderung, благодарение на која во Германија секоја година се појавуваат по 5-6 млади ѕвезди, а и ретко кој знае како таа работи.

За да ја поедноставиме, ќе го земеме за пример 6-годишниот жител на Брауншвајг, Торстен.

Торстен обожава фудбал и никогаш не го соблекува дресот на репрезентацијата. Пред неколку дена добил покана за проба во еден од координираните тренинг центри, недалеку од дома. Денес, заедно со стотина други врсници од истиот округ, Торстен ќе се обиде да влезе во најдобрата група. Задачите се едноставни: силен и прецизен шут, контрола на топка при водење, поминување ’змија’ низ поставени сталки.

Торстен имал среќа: Неговиот успех на теренот го оцениле добро и го ставиле во подобра група (помалку талентираните одат во послаба група). Сега неговиот развој внимателно ќе го посматраат неколку специјално обучени тренери. Ако Торстен и натаму добро се развива после некое време од тренинг-центарот ќе го преместат во фудбалската академија.

Треба да се нагласи дека само пет деца од 1.000 (илјада) од тренинг-центарот преминуваат во академиите на професионалните клубови, а оттаму обично еден завршува во првиот тим. Но сега му е шансата на Торстен.

Кога ќе ја погледнете густината на локациите на тренинг-центрите во Германија на мапа, ќе видите дека е покриена целата земја. Фудбалската федерација отвора вакви академии како супермаркети. Од најдалечната до првата до неа има еден час возење.

Што учат јуниорите во тие центри:

- Спретност и подвижност во играта со топка;
- Дриблинг со нагла промена на темпо;
- Сите можни легални фудбалски трикови, финти и други нестандардни постапки;
- Прецизност на удар со глава после скок со една или две ноз;
- Тактичо завршување на ситуација еден-на-еден, како при напад така и при одбрана на сопствениот гол.

Во секој од овие 390 тренинг-центри внимание не му се придодава само на занаетот на младите фудбалери, туку и на семинари за регионални тренери (Info-Abend). 

Помош на тренинзите, високи квалификации, дискусија за најголемите таленти (од 12 до 15 години), програма за тренинг за нивен развој итн. Германскиот фудбалски сојуз организира такви информациони вечери мошне често. Во претходните 10 години на такви вечери/состаноци учествувале повеќе од 200.000 специјалисти од 5.000 клубови (воглавном аматерски клубови).

Скоро СИТЕ играчи на репрезентацијата на Германија која што го освои Светското првенство 2014-та во Бразил поминале низ слични фудбалски центри.

Колку за споредба, во една Русија како и кај нас, детскиот фудбал е често поврзан со иницијатива на некои ентузијасти, па така на пример академијата ’Јуриј Коноплев’ ја финансирал Роман Абрамович и таа била единствена здрава фудбалска школа во земјата.

Оваа академија на рускиот фудбал му ги подарила Алан Џагоев и Роман Зобнин.

2. Етномикс како спас од идејата за еднонародност

Од 1999 година во Германија има упростена процедура за добивање на државјанство и како што знаеме земјата е симбол на мултикултурализам од повеќе националности.

Системот на интеграција во Германија е таков што дојденците од други земји во германското општество не се чуствуваат како странци. Системот Talentforderung е најефективен за нив, иако првично имале сосема други цели.

Репрезентацијата на Германија е како продолжение на либералниот модел на однесување во едно општество: Еднакви се и еднакви права имаат Германци, Тунижани, Ганци, Полјаци, Шпанци, Турци, Срби, Босанци, Нигеријци и други. Секој од нив ја збогатува екипата со колорит којшто ја прави нетривијална.

3. Спој на сениорска репрезентација со младинската

Одличен показател на ефективноста на оваа програма на поддршка на талентираните деца е успешниот настап на Германија на меѓународните младински турнири.

За последните 10 години Германците освоија злато во сите три основни категории - У-17, У-19, У-21. Јоаким Лев и да сакал, не можел да сонува толку талентирани млади фудбалери.

Од 2006. година германскиот селектор „пие вода“ од изворот на младинците и ги прекомандува во главната селекција. Спремни, орни за работа и најважно сакаат да играат за „Die Mannschaft“

Во 2008 година Германија У-19 стана европски шампион а во таа селекција играа Свен Бендер, Ларс Бендер, Штефан Рајнарц, Рон-Роберт Цилер. На Европското У-17 во 2009-та Германија го освои златото а за таа категорија играа: Шкодран Мустави, Марк-Андре тер Штеген, Марио Геце, Бернд Лено.

Истата година Германците станаа и европски прваци до 21 година а за таа репрезентација играа Мануел Ноер, Месут Озил, Матс Хумелс, Сами Кедира, Бенедикт Хеведес, Денис Аого, Андреас Бак, Марсел Шмелцер, Марко Марин.

Во 2014-та Германија пак го крена пехарот на ЕП У-19 а тогаш играа Џошуа Кимих и Јулијан Бранд.

19 фудбалери кои станаа стандардни репрезентативци од кои 5 пред две години беа во стартниот состав на финалето на Мундијалот против Аргентина. Плус уште едно дете коешто го даде решавачкиот историски гол.

4. Лимит

Овој систем за талентирани фудбалери на Германскиот фудбалски сојуз заживеа и кај богатите клубови од Бундеслигата кои вложуваат труд и средства. Тие со задоволство би вклучиле во својата школа дете од Академиите отколку да прават трансфер од странски екипи. А тука е докажано дека твојот воспитаник при правилна подготовка ќе пружи многу од сомнителен странец.

„Ако ние им помагаме на клубовите, тоа значи дека си помагаме и себе затоа што нашите национални репрезентации приходуваат фудбалери од нашите клубови“.

Во 2007. година програмата Talentforderung доживеала промени затоа што чиновниците решиле да се откажат од лимитот, ограничувањето на странци со цел да ја зголемат конкуренцијата меѓу своите воспитаници.

5. Модел на возрасен фудбал во јуниорските категории

Со младинските и детските екипи работат околу 70 специјалисти меѓу кои има и експерти од други области: социјална педагогија, правилно однесување, развој на личноста и сл.

Има и луѓе коишто ги учат децата како да работат со пресот, со новинарите. Учат адекватно да се однесуваат на социјалните мрежи: Твитер, Фејсбук, Инстаграм. Учат лекции за штетноста и зависноста од цигари, алкохол и наркотици. Ги учат колку и во кое време е најдобро да спијат. Задачата и целта се да се формира живот на професионален спортист.

Показен момент за нивната спремност понекогаш е интервјуто. Уште на 16 години германскиот талент е спремен на опсежно интервју.

6. Образованието е поважно од фудбалот

Фудбалските клубови во Германија најмногу се грижат за моралните вредности на своите идни воспитаници, а конкретно за тие кои не можат да се пробијат во сениорскиот фудбал.

„Пред осум години бев во Астон Вила. Им кажав дека нашите играчи во категориите до 17, 18 и 19 години посетуваат општо-образовна школа 34 часа неделно. Тие мислеа дека лажам, дека не е можно. Кај нив играчите имаат 9 часа неделно и ги прашав што ќе прават тие после? Ми одговоарија дека е нужно малиот да реши дали ќе стане профи или не. Но ние во Фрајбург не работиме така, тоа е неправилно. Многу играчи од нашата академија кои не стануваат професионалци добиваат можност за работа. Школата е поважна од фудбалот. Ние им даваме одлична шанса да станат фудбалери но и добро да се образуваат. Ако 80% не влезат во сениорски фудбал, ние сме должни да се бориме за нив понатаму“, вели Кристијан Штрајх тренер во Фрајбург.