Нема место за сите во школата на Барса

Ла Масија e расадник на големи таленти. Идејата за формирање на овaa академија е на легендата Јохан Кројф. Голем број деца на овој клуб успеале и во првиот тим на Барселона, но има и многу кои не можеле да се наметнат. 

Бразилецот роден во Италија, Тиаго Алкантара на 14 години пристигна во Барселона, а деби настап за првиот тим имаше во 2009 година против Мајорка. По освојувањето на четири Ла Лига титули и една во Лига на Шампиони, Алкантара во 2013 година потпиша за Баерн Минхен. Првите три сезони тој воопшто не се изнаигра на Камп Ноу бидејќи имаше вкупно 20 настапи.

Голема надеж во Барселона беше и Бојан Кркиќ кој по напредокот во младинските погони дебитираше за првиот тим на возраст од 17 години и 19 дена, рушејќи го рекордот на Меси. За четири сезони поминати на Камп Ноу, постигна 41 гол на 162 натпревари, но Каталонците одлучија да го продадат во Рома. По позајмиците во Милан и Ајакс, Кркиќ се пресели во Премиер Лигата каде минатата сезона потпиша за Стоук.

Жерард Делофеу и се приклучи на академијата на Барселона во 2003 година на само 9 години. По одличните настапи за Б тимот, за прв тим го повикаа во 2011-та и дебитираше на натпреварот против Реал Сосиедад. Сепак во период од четири години тој беше повеќе гледач, бидејќи одигра само два меча во првенството. По една година во Евертон и Севиља како позајмен фудбалер, Делофеу денеска реши да потпише договор со Евертон.

Играчот на Арсенал Микел Артета својата кариера ја започна во Барселона но ниту еднаш не добил шанса да заигра за првиот тим. Потоа беше испратен на позајмица во ПСЖ, па играше за Глазгов Ренџерс, Реал Сосиедад и Евертон за од 2011-та да стане играч на Арсенал.

Големи беа очекувањата и за брзиот Џовани дос Сантос кој дојде во Барселона на 13 години, а дебитираше за првиот тим во 2007 година. По само една сезона помината на Камп Ноу и слабата минутажа која ја доби Дос Сантос реши да премине во Тотенхем. Потоа играше во Ипсвич, Галатасарај, Расинг Сантандер и Мајорка, а од 2013-та е во Виљареал.

Дел од Ла Масија од 2006 до 2013 година беше и Давид Бабунски, кој во последниве две сезони е член на Б тимот на Барселона. На 35 настапи има постигнато само еден гол.

1 јули 2015 - 13:35