Сега ште те избихаме, калпазан

На големото дерби во Бугарија, Левски изгуби дома од Лудогорец со 0-2, а стрелецот на вториот гол, Романецот Моци откако погоди од пенал застана да слави пред домашните навивачи и толку требаше. Влегоа во терен, прекин на мечот, а еден скокаше и врз тунелот кон соблекувалните.

Во плејофот за титула и места во Европа, Лудогорец е прв на табелата со 67 бода, ЦСКА е втор со 64, а Левски трет со 58 бода. Следното коло на 20.4 се игра големото софиско градско дерби.

15 април 2019 - 10:38