Роналдоманија во Торино, Јуве пак економски ја спасува Италија

Не е првпат во историјата италијанската економија која што ја тресе сериозна криза, да застане на нозе благодарение на најтрофејниот клуб во оваа земја на кого грбот му го чуваат финансиски гиганти.

Торино го фати Роналдоманија: Продавниците за спортска опрема тријат раце од продажбата на дресови со број 7, работниците на FIAT се незадоволни од финансиската тежина на трансферот (100 милиони евра за две години + 12 милиони евра за даноци), а неутралните навивачи сомневаат во финансиската иднина на Јувентус: клубот само еднаш во историјата платил повеќе од 50 милиони евра во една рака.

Но Јувентус нема проблеми со финансискиот фер плеј - со Јуве владее едно од највлијателните семејства на светот.

КАКО АЊЕЛИ ЈА СПАСИЛЕ ИТАЛИЈА

Торинскиот клан го воздигнал Џовани Ањели: поранешниот кавалерист ги истиснал партнерите од FIAT, прв во Европа вовел сериско производство, од почетокот на Првата светска војна почнал и разработка на оружје, станал монополист во Италија и направил моќна империја.

Неговиот наследник станал внук му Џани „Адвокатот“ Ањели - човек кој двапати ја спасил својата земја. (Приказната за династијата Ањели).

После војната Италија била осиромашена, 3/4 од економијата ја држеле земјоделските домаќинства. Неуморниот Ањели (за него викаат дека никогаш не седел) ја преобразил слабата земја во моќно господарство со големиот Север и ја направил една од најбогати во Европа.

За неколку децении Џани ја оживеал локалната автомобилска индустрија (Ferrari, Maserati, Lancia, Alfa Romeo - сите му припаѓале на семејството), вложувал во градежништво, во нафтна преработка, во медиуми, во земјоделие. Во ’80-те години FIAT станал најголемата автомобилска компанија на свет.

25% од акциите на Миланската берза му припаѓале на Ањели или во превод ова семејство владеело со четвртина од целокупната италијанска економија. 

Во ’70-те години Џани Ањели бил цел број 1 на десничарите и на левичарските терористи но тој одел без телохранители и носел со себе таблета цијаниден калиум. Еднаш еден уапсен киднапер изјавил по апсењето дека пукал кон Ањели но куршумот поминал далеку од него.

УШТЕ ЕДНА СТОРИЈА ЗА СПАСОТ НА ИТАЛИЈА

Со доаѓањето на ’70-те (разгорени левичарскиот и десничарскиот тероризам во поддршка на мафијата, заговори, востанија, револуција, убиства и апсење политичари и судии) економијата на Италија повторно ослабнала.

Ањели одбил да го пренесе бизнисот надвор од границите на земјата (тоа би ја докрајчило италијанската економија), а во 1979’ година направил нешто што не би го направил никој во Италија: Ги отпуштил потстрекувачите од левичарска и десничарска страна и нивните соработници (повеќе од 23.000 луѓе) и роботизирал дел од производството.

Земјата 35 дена се плашеле од пропаст, министрите и крупните бизнисмени го молеле Ањели да попушти - но тоа е против правилата на фамилијата. Џани останал на свое, ја спасил компанијата и ја раскринкал лажната претстава за семоќниот ултра-левичарски тероризам.

Во ’60-те години италијанските власти отпатувале во советска Москва на економски состанок. Министрите сакале да се сретнат со Хрушчов, а тој му се приближил на младиот и спокоен Џани Ањели и му рекол: „Јас сакам да ги водам преговорите со тебе. Партиите доаѓаат и си одат, а ти секогаш ќе бидеш права Италија“.

Во 1967 година магазинот Life го нарекол Ањели „современиот Цезар“. Џани владеел со најпознатите медиумски куќи, заводи и добивал најдобри тендери во Италија. Меѓу неговите пријатели биле Џон Кенеди, кнезот Рене III, а партнери му биле - Гадафи, иранскиот владетел, политичките лидери на СССР, Шпанија и Латинска Америка.

Семејството Ањели имало моќ да блокира назначување на министер кој не им се допаѓа или закони кои се мешале во бизнисот. Кланот например бил одговорен за забрната за увоз на јапонски автомобили во Италија.

Имало поговорка дека „колку добро му оди на Адвокатот, толку подобро за Италија. Ањели е крал на Италија и затоа круна не ни е потребна“.

Смртта на Avoccato во 2003 година не влијаела многу на семејството - туку влијанието повеќе не било само во едни раце. Џон Елкан - 21. на списокот на најмоќни бизнисмени на светот според Forbes е човек кој до 40 години влезе во Топ-5 влијателни млади луѓе (заедно со Марк Цукерберг).

КЛАНОТ АЊЕЛИ Е ПОБОГАТ ОД ШЕИЦИТЕ НА ПСЖ

Forbes не вклучува семејства на своите списоци затоа што е тешко да ги следи сите активни бизнисмени. Но во 2014 година магазинот The Richest пресметал дека фамилијата Ањели тежи 11,2 милијарди евра!

За споредба: личниот капитал на кралската династија Ал Тани која владее со ПСЖ е 1,48 милијарди евра според Forbes.

Богатството на претседателот на Јувентус Андреа Ањели во 2015 година било проценето на 1,3 милијарди евра (според швајцарскиот Bilanz). Колку пари точно има неговиот братучед Џон Елкан не знае никој. Дури и мајка му Маргарите поседува не помалку од 1,4 милијарди евра имот.

Еден од шефовите во Јувентус е внукот од ќерка на Адвокатот Ањели - Џон Елкан

Андреа Ањели е сопственик на компанијата Exor која е 4-та најголема семејна корпорација на светот. Вредноста на оваа корпорација се проценува на 163,8 милијарди евра. Чист приход лани имале - 4,6 милијарди евра.

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели

ЗОШТО ЈУВЕНТУС НЕ ТРОШИ ПО 400 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ЕДНО ЛЕТО?

Затоа што Ањели финансиски малку учествува во буџетот на клубот. Италијанскиот фудбал веќе бил казнет поради нечист бизнис на времето: во епоха кога локалните газди продавали фабрики за купат играч што им се допаѓа, заборавале на животот на клубот и вработените во компаниите.

Затоа земјата ја треселе економски кризи.

Јувентус прв во Италија преминал на самоодржливост. Учеството на Ањели е минимално - 26,5 милиони евра годишно преку спонзорства од FIAT и ќерката фирма Jeep. Клубот секоја година го зголемува плусот во работењето а општиот приход пораснал од 272 милиони евра во 2013-та до 406 милиони евра во 2017-та.

КОЛКУ ЌЕ ПАТИ БУЏЕТОТ НА ЈУВЕ СО РОНАЛДО?

Заменик директорот на RAI Франческо Марино соопштил дека неодамна Андреа Ањели водел преговори со FIAT, се договарал со советот на директори за финансиска поддршка и дури после тоа го одобрил трансферот на Роналдо. Црно на бело и нема фрлање пари преку ноќ.

Какво ќе биде учеството на FIAT во трансферот е неизвесно. Според една верзија, 2/3 од платата на Роналдо (37 од 55 милиони евра со се одданочување) на свој грб ќе ги преземе Ferrari во вид на спонзорска зделка. Кристијано ќе потпише договор на 4 години + 112 милиони евра пари за трансферот од Реал.

Останатите пари веруваат дека ќе ги соберат од продажба на Игуаин (60 милиони е спремен да даде Челси), Мандрагора, Стураро, Кина, Чери, Аудери (заедно до 80 милиони евра).

Јувентус од друга страна нема да мора да го продаде Дибала поради најдобриот играч на светот. Најмоќното семејство во Италија ќе потпише уште еден спонзорски договор и ќе ги продаде играчите на кои клубот не смета.

Со доаѓањето на Роналдо едно е сигурно - економијата во Италија одново ќе порасне.