Роналдо мали збрца 7 комада на еден натпревар

Кога Кристијано Роналдо направи трансфер од Реал во Јувентус, истото го направи и неговиот осумгодишен син. Го носи истиот број на дресот, знае да направи по некој потег како татко му и плус бајаги се отвори со голови на старт.

Кристијано Роналдо Јуниор е дел од Јувентус У9 и уште на својот деби натпревар се истакна со 4 гола на мечот против Лученто кој завршил 7:1.

Децата на Старата дама заминаа на турнир во португалскиот град Мадеира каде е роден Роналдо, а на детето на славниот татко кој исто така ја носи седумката тоа му се посреќи.

Играше пред неговата баба Долорес Авеиро, како и пред тетка му, Јувентус го декласираше противникот, а на Роналдо син му дал 7 комада. Само на последните два меча за Јуве тој има постигнато вкупно 12 гола.

Како дел од патувањето младите Јувентини ја посетија и статуата на Роналдо сместена на аеродромот кој е именуван по него.

„Се надевам дека Крис ќе биде како неговиот татко. Тој рече дека ќе биде подобар од мене, но мислам дека тоа е тешко. Многу сум среќен што дава голови и што се адаптира добро во Јувентус.“, изјави Роналдо за beIN SPORTS.

Во едно друго интервју тој изјави:

„Понекогаш знае да ме праша дали може да донесе дома двајца другари Италијанци. Јас му дозволувам, но тој на тоа ми одговара дека мора и јас да бидам дома за да се сликаат со мене“.

19 април 2019 - 10:54