Неизвесната иднина на украинскиот Робин Худ

Ринат Ахметов и Шахтјор Донецк меѓу два огна

Во Киев го обвинуваат дека ги финансира бунтовниците, во Москва дека ја издал каузата. Тој сака само едно: да се врати во својот град и таму да продолжи да живее.

При крајот на септември 2014-та година, повеќе од 33.000 навивачи дојдоа на Лавов Арената во западна Украина но најмногу значеше присуството на една личност. Ринат Ахметов со голем успех го води клубот кој освои 9 титули во првенството во последните 14 сезони. Рударите од Донецк дури 11 пати играа во Лигата на шампионите откако Ахметов стана претседател на клубот во 1996. година.
 
Во последните две децении, Ринат Ахметов, најсилната фигура во Украина го искористи профитот од челикот и јагленот за да направи силен фудбалски клуб со здрава основа и нов најмодерен стадион. Во последно време, кога Шахтјор игра на домашен терен, никој не знае дали Ахметов е на стадионот. Има добра причина за тоа.
 
Во време на војна во која загинаа повеќе од 8.000 луѓе, загрозен е и домот на Ахметов во Донецк, кој се наоѓа на само 50 километри од границата со Русија. Милијардерот се наоѓа меѓу два огна, затоа што во Киев сметаат дека тој ги финансира и поддржува сепаратистите, а про-руските бунтовници тврдат дека тој ја издал нивната кауза.

На 15. октомври 1995 година, кога 8.000 гледачи дошле да го гледаат првенствениот меч на Шахтјар се случил крвав бомбашки напад во кој загинале шест лица, меѓу кои и дотогашниот крал на подземјето и сопственик на клубот, Ахат Брагин познат како Алик Грик. Бил масакриран до таа мера што го препознале по неговиот уникатен Ролекс часовник. На негово место доаѓа Ринат Ахметов.
 
За убиството бил обвинет и осуден поранешниот мајор во областа, Вјачеслав Синенко а во спомен на убиениот Брахин по него била наречена и најголемата џамија во градот Ахмат Јами. „Сите убиени во нападот се претставници на криминалните структури во градот", соопштил портпаролот на украинското МВР подоцна.
 
Самиот Ринат Ахметов, потекнувал од мошне сиромашно семејство. Брат му и татко му работеле како рудари, професија од која малиот Ринат сакал да побегне по секоја цена. Бил вешт картаџија и човек на кој мозокот му работи брзо. Веќе на 25-годишна возраст влегува во индустријата, а пријателството од младоста со Виктор Јанукович (подоцна претседател на Украина) ќе му овозможи брз развој и голем капитал.

Големиот бос Ахат Брагин

По бомбашкиот напад на стадионот, Ахметов ја презема контролата врз Шахтјор Донецк. Меѓудругото за една деценија, Ринат влегува во областа на банкарството, телекомуникациите, недвижностите. Поседува повеќе од 100 компании, а неговата империја е најголемиот плаќач на данок во земјата и вработува околу 320.000 луѓе. Ахметов се смета за еден од најмоќните луѓе на светот а според магазинот Кореспондент неговото богатство се проценува на 31 милијарда долари.

По избивањето на војната, Ахметов изјавил дека нема да го гледа својот тим на стадион сè додека клубот игра во градот Лавов. И покрај украинските знамиња и паролите со натпис Слава на хероите и Украина е вечна, украинскиот Робин Худ не се чувствува таму како дома. „Си вети самиот на себе дека првиот натпревар на кој ќе оди да гледа фудбал ќе биде во Донецк, на Донбас Арената. За луѓето тоа ќе биде знак дека може да се вратат во Донецк", пишуваат украинските медиуми.

Донетцк е мултинационален град. Во него живеат Украинци, Руси, Ерменци, Грузијци. Во една таква мешавина, борбата за превласт често е поделена на кланови, а во Украина се шпекулира дека мафијата за која нема нација, вера и религија сака да ја преземе империјата на Ринат Ахметов.

19 октомври 2015 - 12:02