Ријад Марез со мајка му на промоција во Манчестер Сити

Најдобриот алжирски фудбалер во моментов, Ријад Марез пред неколку дена потпиша со Манчестер Сити и стана еден од најскапите трансфери од кога шеиците го купија англискиот клуб. На потписот на договорот и промоцијата, Марез дошол со мајка му Салиха.

27-годишниот Марез потпишал 5-годишен договор со Сити. Според The Guardian сумата на трансферот изнесува 60 милиони фунти.

„Лига на шампиони е турнир за најдобрите клубови. Манчестер Сити е голем клуб кој има се што му треба за трофеј. Сити има амбиции да оди повеќе од четвртфинале на ЛШ каде застана минатата сезона. Решив да дојдам во Манчестер Сити затоа што сакам да бидам дел од овој проект и да му помогнам на клубот да ја освои ЛШ“, изјавил Марез.

17 јули 2018 - 15:52