Респект за изјавите на Солскјер и Фергусон

Си отиде Чави пак се јаки. Си отиде Нејмар пак се јаки. Си отиде Иниеста пак се јаки. Колку е силна нивната доминација докажува тоа што му го направија не на последниот од Ла Лига, туку на клуб од рангот на Манчестер Јунајтед, за што и самите гости се свесни и признаваат.

Кристијано Роналдо исто како и против Атлетико, ниту му честиташе победа на некој играч на Ајакс, а ниту им застана на новинарите на кои им е работа да соберат изјави во микс зоната наменета само за нив.

Паралелно во Барселона, гостите покажаа почит кон противникот, а во тоа е големината на играчите, во случајот на тренерите, да признаат пораз. Без разлика што ги средија глатко со вкупни 4:0, а синоќа ги доминираа и им ја криеа топката, Англичаните си признаа кој е кој во моментов.

Манчестер Јунајтед не е Жирона или Леганес, ама синоќа личеше на таква екипа. Беше целосно надиграна без никакви шанси да го анулира поразот дома од 0:1. Впрочем после 20-та минута и да сакаа не можеа бидејќи веќе губеа 2:0 и едвај се спасија да не примат трет гол во прво полувреме.

Оле Гунар Солскјер беше дел од златната генерација на Јунајтед која токму на Камп Ноу го реши Баерн во епското финале во 1999-та, но погледнете колку е свесен и реален за тоа како стојат работите сега со неговиот тим и противникот на кој не можеше ни гол да им даде.

„Вечерва можеше да се види разликата помеѓу двата тима. Две класи се подобри од нас. Квалитетот на нивниот финиш е извонреден. Доколку сакаме да се вратиме на вистинското ниво кое треба да го има Манчестер јунајтед и вистинската традиција, тогаш мораме да се надигруваме со екипи како Барселона.“

А пак стариот лисец пред 10 години загуби финале во ЛШ токму од Барселона која го совлада Јунајтед 2:0 со головите на Меси и Ето. Па сега вели вака:

17 април 2019 - 16:05