Реакцијата на Колчестер кога дознаа дека ќе играат со Манчестер

Англиските фудбалски купови се можеби најсимпатични натпреварувања, затоа што таму секоја година некој анонимен нисколигаш знае да надене некој од фаворитите и да го посрамоти. Синоќа за време на ждрепката за 1/4 финале од Лига Купот на Колчестер му се падна Манчестер Јунајтед.

Колчестер Јунајтед годинава е најубава бајка во Лига Купот на Англија. Четвртолигашот (Лига 2 во хиерархијата) ги пројде сите 4 рунди и тоа против: Свиндон Таун 3:0 (дома), Кристал Палас 0:0 и 5:4 на пенали (на гости), Тотенхем 0:0 и 4:3 на пенали (дома) и Кроули Таун 1:3 (на гости).

Ќе биде весело ако Колчестер и на „Олд Трафорд“ стигне до пенал серијата.

Заедно со Колчестер и Манчестер Јунајтед, во четвртфиналето на Лига Купот ќе играат уште и Оксфорд - Манчестер Сити, Астон Вила - Ливерпул, Евертон - Лестер Сити.

Еве за тоа како го кикнаа европскиот вицешампион Тотенхем.