Принципиелните потези кои Марота ги повлече во Интер

Можеби некој ќе сака да го оспори, но резултатите се на негова страна. Откако Џузепе Марота стана спортски директор на Интер не може повеќе главен да биде Икарди или таа плавата што секој ден се прчи со голи газови и истовремено дели ум за фудбал пошто му е менаџерка.

На 13 декември 2018-та ценетиот Џузепе Марота стана спортски директор на Интер и само два месеци подоцна покажа што е авторитет и принцип по кој ќе се работи. Не може ниту Икарди ниту било кој друг играч да биде над клубот.

Му се допаѓало тоа на некој или не, досегашните потези на строгиот Марота се следни:

- Го казни и суспендираше Наинголан поради тоа што три пати во една недела задоцни на тренинг. Три пати, не еднаш. Иако треба да биде среќен што летна од тим поради ова.

- Пракса во последните години во Интер беше кога некој играч ќе посака да си оди, тоа го одлучува Интер по секоја цена, па макар и по половина од реалната. Тоа го сакаше Перишиќ овој јануари, но Марота го стопираше и рече дека никој не може да си оди додека не пристигне понуда која му одговара на клубот.

- Му ја одзема капитенската лента на Икарди поради непотребни изјави на жена му, која му е менаџерка.

- Го критикуваше Спалети поради некои изјави во јавност.

- Со неговото доаѓање, Вечино и Гаљардини побараа да си одат од клубот.

Дали Интер ја доби потребната строгост и принципиелност за да спроведе ред во куќа, ќе покаже времето, но неспорно е дека донесоа човек со интегритет, авторитет и огромно искуство.

Марота беше 8 години директор на Јуве откако во 2010-та си замина од Сампдорија. Тој е еден од најзаслужните луѓе за револуцијата на клубот откако направи кам бек во Серија А по Калчополи.

Играчите кој ги донесе не се добројуваат. Прво почна со Милош Красиќ, Алесандро Матри, Фабио Кваљарела, Алберто Аквилани, а потоа со имиња како Лихштајнер, Видал, Вучиниќ, Џакерини, Погба, Видал, Пирло итн итн.

Доволно е да видите каква листа на имиња донесе за без пари па ќе ви стане јасно колку е способен. Џузепе Марота засекогаш ќе го паметат како една од главните алки на Јуве во златната декада со освоени титули, 7 од 7.

Малку и да се нашалиме. За него велат дека со лево око гледа во зимски, а со десно во летниот период за трансфери. Фаца е нема што, во секој поглед.

16 февруари 2019 - 08:30