Време јапонско во фудбалска Европа

Некогаш на стариот континент дрмаа Хидетоши Наката, Шинџи Накамура, Шинџи Оно и други, па подоцна имаше период на стагнација на јапонскиот фудбал во Европа, а сега сликата е скроз поинаква.

Јапонија можеби не е фудбалска велесила како Бразил, ама кога станува збор за извоз на фудбалери, се наоѓа на топ10 листата во светот. Јапонците отсекогаш важеле за брзи, спретни, квалитетни фудбалери кои, за разлика од Јужноамериканците, многу побрзо се адаптираат на нови средини, нови култури и амбиенти.

На пример, после долги години, во Порто 10-та не ја носи Јужноамериканец, туку Јапонецот Соја Накаџима (25). Еве и зошто:

Такуми Минамино има 24 години и важи за еден од најдобрите фудбалери на австрискиот гигант РБ Салцбург. Во овој клуб е од јануари 2015 и до денес постигна преку 40 гола на 127 натпревари. За репрезентацијата на Јапонија има 19 настапи и 7 гола.

Синоќа во судиско продолжение го реши најголемото австриско дерби против Рапид во Виена:

Одличен фудбалер е и 22-годишниот Такума Нисимура кој на 31 август 2018 потпиша 4-годишен договор со ЦСКА Москва и на 16 настапи има 4 гола до денес. Армејците му се прв клуб во Европа.

 

Оваа листа не би била потпопна без вундеркиндот на Реал Мадрид, Такефуса Кубо кој отиде на позајмица во Мајорка кај нашиот Александар Трајковски:

Во моментов во Европа, со помал или поголем успех играат повеќе од 200 јапонски фудбалери по првите и вторите лиги. Интересно, Јапонци има и во црнорогорската, српската и бугарската лига, појава која што во минатото не беше баш честа.

Најголем број претставници на фудбалот од земјата на сонцето има во Белгија, Англија и Шпанија.