Па има ли нормален голман?

Со должна почит за нивниот лик и дело, ама ние веруваме во онаа маалската дека за да бидеш добар голман треба да си малку така.

Пакос де Фереира го шокираше Порто со 1-0 во португалската лига и тоа благодарение на еден човек. Домаќините постигнаа гол во 34’ минута и до последен момент се бореа како лавови да остварат историска победа. Голманот на Пакос де Фереира Марио Фелгуеираш не бираше средства да краде од времето.

Моментот на мечот се случи во 67’ минута кога најдобриот играч на Порто, Брахими ја намести топката да изведе пенал. Водачот на навивачите зад голот со мегафонот го навредуваше и го засмеваше Алжирецот кој го промаши пеналот и Порто изгуби драгоцен бод во трката за титулата.