Ова ако влезеше, Рим ќе гореше

Римското дерби е натпреварот за кој градот живее цела година, а синоќешните 0:0 се доказ дека и двете екипи се плашеа од пораз. Имаат идентичен број на бодови и се во пеколна битка за место во топ 4. Последните секунди истекуваа, а Сергеј Милинковиќ Савиќ се обиде како на кошарка. Срце им застана на Лацијалите.

Само неколку коментари на социјалните мрежи на прашањето: Што ќе направевте ако влезеше ова на Сергеј?

„Ќе беше како филм кој ќе се гледаше засекогаш како се решава дерби“

„Јас ќе умрев, 100%“

„За малку не го фрлив компјутерот од прозор“

„Ќе станев поп“

„Најмалку ќе си го издр...“

„Ќе станев пед...“

„Ќе рипнев на терен“

„Се разбудив со 300 притисок сред ноќ мислејќи на шутов“

„Ова ако влезеше ќе беше гол на векот“

„Ќе паднев во кома“

„Ќе ми носевте цвеќе“

16 април 2018 - 12:50