Од каде потекнува уникатниот гест на Роналдињо со рацете

Од Хаваи, преку Калифорнија до Кина, на различни места и култури оваа гестикулација означува различни нешта кои ги обединува гест на добра волја.

Кога Барселона му платила 30 милиони евра на ПСЖ за Роналдињо во јули 2013-та, новата ѕвзеда дошле да ја видат повеќе од 25.000 навивачи. На претставуањето Рони ја жонглирал топката со глава а рацете ги раширил во страна и покажал некаков гест со палците и малите прсти.

Овој гест стана автентичен за Бразилецот и познат исто колку и неговите заби и долга коса.

Со оваа гестикулација ги прославуваше головите а подоцна почна и без посебен повод да го прави потегот со рацете. Целата приказна доаѓа од бразилската група Molejo (основана во ’90-те, свиреле Пагоде, бразилски поджанр на самба). На концертите музичарите од оваа група ги покажувале дланките кога ја свиреле песната Samba Rock.

"Од таа песна почнав така да ги славам головите. Тој гест ми остана за цел живот“, рекол еднаш Роналдињо.

ШТО ОЗНАЧУВА ОВОЈ ГЕСТ?

Има многу верзии како се појавиле дланките кои прават отворени палец и мал прст.

Некој тврди дека кога Европејците во ’70-те години од 18 век првпат дошле на Хавајскиот остров, и не го знаеле месниот јазик, во знак на пријателство и дружба на локалните жители им правеле таков гест со рацете.

Тие сфатиле дека знакот симболизира поздрав и почнале да го користат меѓу себе.

Според друга верзија, Хаваец по име Хамана Калили изгубил три средни прсти на работното место. Кога Хамана ги бркал локалните деца и им претел со раката, децата го имитирале неговиот гест.

Постои уште една легенда, за сурфер на кого хавајска ајкула му изгризала неколку прсти.

Во разни култури, овој потег има разни значења. На Хавајските острови е знак за благодарност и поздрав. Така наместена шака е симбол за поздравот алоха.

„Алоха“ не е обично хавајско „здраво“, туку во тој збор лежи целиот културолошки код на островот. „Алоха“ означува дружба, разбирање, хармонија меѓу луѓето од разни култури кои живеат на Хаваи.

Благодарение на сурфањето, овој гест со рацете станал популарен и во Калифорнија. Со времето почнале да го користат по цела Америка и тоа најчесто екстремните спортисти: падобранци, параглајдери, нуркачи и скејтбордери.

Во кинеската култура овој гест има две значења: прво, покажува број 6, а исто и значи пофалба до некого и уважување. Гестот со дланката и прстите е популарен и во бразилското џиу-џицу. Познатиот борец Ренцо Грејси убедува дека тој ја популаризирал „дланката“.

„Кога во 1996-та го нокаутирав Олег Тактаров во ММА, ја скршив раката. Кога позирав за фоторепортерите, го кренав палецот во вис, но како раката ми беше скршена, малиот прст се спушти надолу и гестот изгледаше така“, рекол тој.

Овој гест со дланката и прстите стана толку популарен по целиот свет па доби и свое емоџи. 🤙

НЕ САМО РОНАЛДИЊО ГО КОРИСТЕЛ ОВОЈ ГЕСТ ВО ФУДБАЛОТ

Некои од своите голови на овој начин ги прослави и најдобриот бразилски фудбалер во моментов, Нејмар.

Ист потег правел и Давид Луиз, на пример при прослава на трофејот во Купот на Конфедерации пред неколку години

После голот против Барнли во сезоната 2017/2018 и Египќанецот Мохамед Салах го направи овој гест со рацете и ги воодушеви навивачите на Ливерпул:

Новинарите и навивачите долго мислеа дека и познатата прослава на Антоан Гризман има врска со гестот на Роналдињо, но за време на Европското првенство 2016 во Франција, Гризман објаснил дека го инспирирал спотот од песната на Дрејк - Hotline Bling.