Нов гол на Несторовски, Македонецот во серија

По двата гола и асистенцијата пред почетокот на репрезентативната пауза, Илија Несторовски одново стрелаше за својот Палермо. Овојпат на гости против Козенца каде Илија го отвори резултатот во 34' минута. После само две минути Козенца израмни на 1-1 а Нестогол доби црвен картон поради приговор кон судијата во 91' минута (втор жолт) и нема да игра на следниот меч.

Ова беше 10. гол за Несторовски сезонава во Серија Б. Александар Трајковски беше заменет во судиското продолжение.

31 март 2019 - 13:21