Најубавата сцена викендов во Серија А

Од средбата меѓу Милан и Торино немаше потреба да се гледа хајлатс бидејќи заврши 0:0, но на крајот се случи еден момент за кој зборува цела Италија. Андреа Белоти му го даде дресот на едно дете, инаку навивач на Торино, а неговото име е Матео Бонучи, син на Леонардо Бонучи. Тој навиваше за Торино и кога татко му го носеше дресот на Јуве. Дресот го прими неговиот постар брат Лоренцо Бонучи.

27 ноември 2017 - 12:41