Најновиот хотел на Кристијано Роналдо

Мега ѕвездата со нето годишна плата од 30 милиони евра за кој се претпоставува дека со се маркетинг прави 100 милиони годишно, отвори хотел во градот Маракеш во Мароко. Глупаво е да набројуваме што сè има во оваа чудесија, само ќе кажеме дека капацитетот му е 174 соби, а ноќевање е 200 евра.

Во 2016-та отвори два, едниот во Лисабон, а другиот во неговиот роден град Фуншал. Најавено е дека во следните неколку години ќе отвори и во Париз, Мадрид и Њујорк. Тоа се шест хотели од 16 години играње фудбал. Добро колку пари има направено овој човек?

15 февруари 2019 - 15:39