Најголемата афера во бугарскиот фудбал во која беше измамен и македонски репрезентативец

За местенка, некои газди на клубови се спремни ако треба и да го ослабнат сопствениот клуб само да го шитнат мечот за тие пусти пари. Каква балканско - мафијашка лакрдија беше ова. Работава одете во Русија да видите дали сум таму.

Датумот е 20 септември 2009-та кога треба да се игра вечното градско дерби меѓу ЦСКА и Левски Софија. И баш на тој дена пристигнува мега понуда за четворицата најдобри играчи на Левски: Живко Миланов, Дарко Тасевски, Јусеф Рабе и За Соарес.

Понудата е милионска, а ја нуди рускиот шампион Рубин Казан кој сака да ги купи во пакет сите четворица. Кога нивниот газда Тодор Батков ја видел сумата им рекол: Заминавајте веднага.

И покрај тоа што вечерта се игра големото дерби, адвокатот веднаш ги собира играчите и се качуваат на авион за Русија. Со нив оди и менаџерот Николај Жеинов.

Неколку часа подоцна, четворицата играчи меѓу кои и нашиот познат репрезентативец Тасевски пристигнуваат во Москва и дознаваат дека всушност од Рубин не само што немало понуда, туку и не слушнале за нив.

Левски паднал во стапица и така се раѓа најголемата афера во историјата на бугарскиот фудбал. Додека играчите бараат начин како на најбрз начин да се вратат во Софија, на стадионот Васил Левски, Сините без најдобрите четворица делуваа немоќни и примаат два гола, а ЦСКА можела да победи и со повисок резултат.

Веќе станува апла јасно дека се работи за измама која подоцна ќе биде вбројувана во топ 10 во фудбалот.

Првото име кое произлезе од аферата е Ерменецот Артур Оганесјан, кого го сметале дека ја смислил целата шема, а верзијата е заговор против Левски. Претседателот на Левски директно ги обвинува сопствениците на ЦСКА, Димитар Борисов и Иво Иванов дека дејствувале заедно со Артур.

Сомнежи постоеле дека тие стојат зад оваа ујдурма, но докази немало затоа што виновникот бил на онаа страна која најмалку се очекуваше. Исто како на филм.

Ерменецот излегол јавно на Канал 3 со шокантно обвинување, дека газда Батков (значи на потсетиме на Левски газдата), побарал од него да го намести дербито со точен резултат, затоа што имал големи долгови, па дури и му се заканил дека ќе го убие ако прозбори за измамата.

„Батков ми се отвори дека има големи долгови и ме праша дали знам каде може да се обложам на поголема сума за тој меч. Ми рече дека Левски загубил од Дебрецен, но тој не заработил пари. Отидовме во неговата канцеларија, еднаш ми рече дека ќе ми даде 100.000, а потоа и 200.000 евра за да им ги дадам на фудбалерите на ЦСКА. Сакаше да се обложи на многу пари дека мечот ќе заврши 2:0. Тој заработува многу пари од такви измами.

Ми се закани дека ако не го сторам тоа што ќе ми го нареди, тој ќе ме убие. Неговите телохранители ме удираа неколку пати по глава и ми се закануваа дека ќе ме удават во Црно море. Батков ги знае сите бандити во Русија. Имам докази на касета и подготвен сум да и ги покажам на било која телевизија“, тврди Ерменецот.

Дарко Тасевски кој има 43 настапи за Македонија, сега има 35 години и сè уште игра фудбал во Софија, но не во Левски, туку за Славија.

Во март годинава во интервју за бугарските медиуми изјави дека измамата со нивните лажни трансфери е поврзана со мечот на кој не успеале да се појават.

„Се сеќавам на тоа. Беше многу чудно. Веднаш по натпреварот со Виљареал во Лигата на Европа ни рекоа дека четворицата ќе заминеме во Рубин. Стануваше збор за милионски договори. Секако, тогаш како млади фудбалери тоа ни се допадна. Заминавме во Русија, со нас беше и директорот на Левски, Константин Баждеков. Јас разбирам малку руски и уште на аеродром почувствував дека нешто не е во ред. Посредниците не личеа како службеници на фудбалски клуб, туку како бандити. Не оставија во хотелот и чекавме. Никој не не побара, ниту се јави. Сфативме дека сме измамени. Се вративме во Софија два часа откако заврши дербито со ЦСКА. Бевме многу лути поради тоа што изгубивме. А, дали оваа афера има нешто заедничко со натпреварот со ЦСКА? Според мене, сигурно дека има“, рече Тасевски.

Претседателите на трите најголеми бугарски клуба ЦСКА, Левски и Лудогорец, летово седнаа и се договорија да се прекине веќе со местенки.

18 октомври 2019 - 12:16