Најдобриот твит во корист на Бентнер

По толку многу тролања на негова адреса се појави еден извонредно добар и сосема неочекуван факт поврзан со Никлас Бентнер. Не дека данскиот напаѓач треба да се фали што дал два гола за англиски второлигаш, ама па им помогнал човекот и тоа повеќе од што мислите.

Гол разлика на Нотингем Форест -10, а на Блекбурн -12.

Инаку Бентнер сезонава беше член на Нотингем Форест се до 6 март кога направи трансфер во Розенборг за кој на 8 средби има постигнато 3 гола. Еве еден од нив.

18 мај 2017 - 16:11