Најдобриот детски писател меѓу фудбалерите - Тео Волкот

Невозможно е да се поверува но Волкот има 28 години. Како вчера да беше кога англиските топ-клубови се бореа за него додека беше средношколец, додека Nikе работеше со него на 14 години а на 17 заигра на Светско во Германија.

Тео до ден денес е најмладиот играч кој постигнал хет-трик за репрезентацијата на Англија (на возраст од 19 години и 178 дена против Хрватска во септември 2008. година).

На 21 година Волкот веќе напишал 4 детски книги. Многу се чуделе како млад фудбалер може да биде писател, но се покажало дека книгите на Тео биле многу читани.

Главниот херој во целиот серијал се вика Ти-Џеј. Има 11 години и е литературен одраз на самиот Тео. Во школските денови го викале TJ - според првите букви на целото негово име Тео Џејмс.

„Ти Џеј е напаѓач со неверојатен учинок...“

Во првото поглавје на детската книга „Ти Џеј и хет-трик“ малиот се сели во ново школо. До тогаш не играл фудбал но благодарение на локалните деца брзо се заиграл. Меѓу нив имало и девојче по име Тусли која уште на првата страна го погодила Ти Џеј со топка; Има португалски хаус-мајстор Родриго и фанатик на скејт Томи кој бил непрооден бек на фудбал.

Еден од најдобрите фудбалери на Арсенал издал 4 книги: „Ти Џеј и хет-трик“, „Ти Џеј и пенал“, „Ти Џеј и победничкиот гол“, „Ти Џеј и поход на пехарот“. Звучат мило, просто и забавно, но понатаму во книгите Волкот многу раскажува за професионалниот фудбал и неговиот живот.

Волкот пишува и за важноста на правилното воспитување, го опишува пробемот на Џејми - дебел бек којшто не може да се оддели од мајка му, работи во школската менза. Тој многу јаде и поради дебелината губи место во составот. Но како и во секој добар расказ, тој ќе се смени, сериозно ќе тренира и ќе добие помош од децата и родителите кои објаснуваат како за еден фудбалер е важен строгиот режим.

Книгите на Тео Волкот ги фалат новинарите (рецензија направил The Guardian) и корисниците на Amazon. На личниот сајт на фудбалерот на Аренал има посебен дел за книгите а Тео за „Ти Џеј и хет-трикот“ вели дека му е најомилена книга на сите времиња.

Волкот раскажувал дека во неговото семејство сите читале а тој се решил да пишува зошто видел дека англиските деца од 9 до 11 години се интересираат за книги.

Интересно, освен автобиографски дела, во Англија одвреме-навреме фудбалери пишуваат и книги како на пример „Френки и волшебниот фудбал“ која што ја издал Френк Лампард (не толку успешно како Волкот).

Во 1999-ма Стив Брус, тренерот на младиот Џон Тери во Астон Вила денес напишал 3 книги на фудбалска тематика а литературата ги цени па цената на Ebay им се движи околу 100 фунти.