На денешен ден падна најбрзиот гол во Лига на шампиони

Ретко кој го памети времето кога Реал Мадрид цели осум години не можеше да пројде во четвртфинале на Лига на шампиони. И само што се понадеваа ги снајде Рој Макај.

Во 2007-ма година Баерн Минхен газеше сè пред себе па во групата лесно се справи со Интер, Спортинг и Спартак Москва и како прв во групата отиде во следна рунда каде го чекаше дерби со Реал Мадрид.

За Баерн тогаш играа: Кан, Сањол, Ван Бујтен, Лусио, Лам, ван Бомел, Швајнштајгер, Харгривс, Макај, Подолски, Пизаро. А за Реал: Касиљас, Салгадо, Роберто Карлос, Канаваро, Раул, Гути, ван Нистелрој, Робињо, Роналдо.

Првиот меч во Мадрид Реал го доби со 3-2:

А на реваншот во Минхен падна најбрзиот гол во историјата на Лигата на шампионите. Најдобриот стрелец во составот на Баварците таа сезона - Рој Макај ја затресе мрежата на Касиљас после само 10 секунди:

Баерн победи 2-1 и помина понатаму:

Во четвртфиналето Баерн се сретна со Милан и испадна. Росонерите влегоа во финале каде му се одмаздија на Ливерпул со 2-1.