Мрднатион уште свири низ Милано, а му се придружија и други навивачи

Вчера објавивме видео, односно повеќе видеа со еден навивач на кој му дојде преку дур од резултатите на Милан, па најави еден несекојдневен вид на протест. Одзивот не му е воопшто лош. Во Милано и околината како на секој чекор да има по една македонска свадба.

Навивачите на Милан на Твитер направија кампања #SusoOut и маваат со дрва и камења по Шпанецот, кого го обвинуваат дека воопшто не се залага за тимот и не брка во одбрана.

Го посочуваат за директен виновник при вториот гол на Лече за конечни 2:2, бидејќи место да го чува стрелецот на голот, тој стоел зад него и дремел.

А статист бил и кога Лече го изведе пеналот за 1:1.

Навивачот кој во неделата ноќта и понеделникот наутро свиреше ултра нервозен со кола како протест против Сусо, го поддржаа и ред други навивачи, а најјак беше последниот.

Еден и вакво видео постирал :)

22 октомври 2019 - 13:10