Мистеријата со украдениот пехар за Светско првенство

На 19 декември 1983. година бил украден златниот трофеј наменет за освојувачот на Светското првенство, тогашен Куп на Жил Риме, првиот претседател на ФИФА.

Златниот пехар стигнал во Рио де Жанеиро во 1970. Година, откако Бразил по трет пат во историјата го освојува Светското првенство, но украден е 13 години подоцна. Главниот мозок на целата операција бил банкарот и тогаш познат фудбалски менаџер, Серџо Пералта.

Заедно со Пералта, кражбата ја организираат уште двајца мажи, поранешен полицаец Франциско Ривера и декоратер Хозе Луиз Виеира.

Подоцна истрагата покажала дека сефот го отворил Антонио Сета кој признал дека некое време стоел пред пехарот и не сакал да го земе поради патриотизам. Братот на Сети починал од срцев удар кога Бразил во 1970. го освоил Мундијалот.

Сите инволвирани биле уапсени, но набрзо сите избегале после пресудата на судот во Сао Пауло. Златниот трофеј бил истопен од страна на Хуан Карлос Хернандез. Неколку години подоцна, во 1989. Година полицаецот Ривера е убиен од страна на четворица напаѓачи. Виеира повторно бил уапсен, па пуштен од затвор во 1998. година кога Кариоките загубија во финалето на СП од Франција во Париз.

Сета умрел во автомобилска несреќа во 1985. година, а Хернандез побегнал во Франција и фатен е по извесно време на автобуската станица во Сао Пауло. Во затвор бил до 2005. Година кога излегол. Пералта, мозокот на целата операција е пуштен од затвор во 1998. година, а во 2003-та умира од срцев удар.

До денес, остатоците од оригиналниот пехар не се пронајдени, иако ФИФА во јануари годинава соопшти дека е пронајдено парче од трофејот кој ќе биде изложен во седиштето на оваа организација следната 2016-та година. Од 1974. година ФИФА на светскиот првак му го врачува актуелниот пехар.

19 декември 2015 - 14:39