Мастер класа на Џерард на прес-конференција, Мурињо да учи

Самостојната тренерска кариера на Стивен Џерард трае околу пола година, но Стиви е неверојатно ладнокрвен на прес конференциите. Како да има 30 години тренерска кариера.

Пред мечот на Ренџерс со Абердин, новинар го прашал Џерард зошто Ренџерс толку многу зависи од Колумбиецот Алфредо Морелос (9 гола во првенството на Шкотска), и не ли треба тренерот да мисли и на другите делови од теренот.

Џери го растура:

„Вие мислите дека останатите играчи недоволно учествуваат? Џејмс Таверне е втор стрелец зошто тој шутира пенали. Голови дава и Скот Арфилд, Даниел Кандеаш постигна гол на последните натпревари. Рајан Кент даваше голови додека не се повреди. На Ови Еџарија му ја вадеа топката од гол линија.

Ние правиме многу гол шанси, сите имаат прилика да дадат гол. Да, ние зависиме од нашата деветка, но мислам дека во повеќето клубови на светот е исто. Од кого зависи Реал? Барселона? Јасно е се? Следно прашање.“

После 14 натпревари во шкотската лига, Ренџерс е прв со еден бод пред вечниот ривал Селтик. 

5 декември 2018 - 10:03