СП 2018

Мароко играше, Португалија однесе три бода

Во првиот меч од второто коло во групата Б на Мундијалот, Португалија освои драгоцени три бода иако според играта Мароко заслужи да остане непоразен.

По спектакуларното реми со Шпанија во првото коло, Кристијано Роналдо и другарите денес славеа над Мароко и сега имаат четири бода. Мароканците и на првиот меч против Иран имаа повеќе од играта, создаваа шанси, но загубија со автогол во 96’ минута и после две кола се без бод.

Пред 78.000 гледачи на „Лужњики“ во Москва, Кристијано Роналдо погоди со глава уште во 4’ минута по корнерот за 1-0, резултат кој до крајот не се промени:

Роналдо сега има 4 гола и е прв стрелец на Мундијалот. Три постигна Русинот Денис Черишев. Покрај тоа Кристијано стана и најдобар стрелец во репрезентативниот фудбал во Европа со 85 постигнати гола.

Мароко имаше неколку зрели шанси да израмни но добар на португалскиот гол беше Руи Патрисио:

Во финишот на мечот Роналдо се обиде да одглуми пенал но судијата само одмавна со рака:

А ништо поарен не беше ниту Пепе со глума во судиското продолжение:

Во вториот меч од оваа група од 20 часот Шпанија во Казан ќе игра против Иран кој има 3 бода. Парови од третото коло (25 јуни од 20 часот): Иран - Португалија, Шпанија - Мароко.

20 јуни 2018 - 15:51