Магарето Марсело и тепачка на играчите на Лион со свои навивачи

Во групата Г синоќа беше многу лудо. Дури три екипи имаа шанси за пласман понатаму и секој еден гол ја менуваше состојбата во групата. На крај најзадоволен Лион чии навивачи направија инцидент со своите играчи.

По крајот на мечот од групната фаза на ЛШ меѓу Лион и РБ Лајпциг (2:2), голем дел од стадионот славеше, а само кај трибината зад едниот гол, каде стојат најверните навивачи на Лион настана инцидент.

Еден од навивачите и покрај пласманот на Лион во плејофот од ЛШ, упадна на терен со банер на кој имаше нацртано магаре и натпис: Марсело оди си.

Капитенот на екипата, Холанѓанецот Мемфис Депај кој со гол им донесе голем пласман во осминафинале, кога го здогледа банерот реагираше бурно, се залета и му се пушти на навивачот. Тогаш настана хаос, се вмешаа и други играчи и навивачи.

Главен виновник за целиот метеж била наводно сопругата на бразилскиот стопер Марсело која што ги навредила навивачите на Лион на својот Инстаграм профил, а Марсело застанал во нејзина одбрана и продолжил да ги критикува навивачите:

11 декември 2019 - 11:00