Лорис одбрани три важни пенали за два месеци

Французинот имал бледа полусезона минатата есен кога се работи за пенали, но затоа во 2019-та година фати неколку исклучително важни пенали, од кои најбитен беше синоќешниот против „граѓаните“.

Четвртфиналето од Лига на шампиони почна кошмарно за Тотенхем против Манчестер Сити: во 11’ минута кога Сити се спремаше да изведе корнер и ништо не бараше, судијата Бјорн Кујперс неочекувано побара ВАР. Се испостави дека неколку моменти претходно по шутот на Рахим Стерлинг топката го погодила во рака Дени Роуз:

Очигледно дека Кујперс и неговите видео-асистенти ги следеле методите на УЕФА. Уште во јануари, еден постар чиновник во УЕФА на прашање на судијата Роберто Розети, објаснил: „Најважно од се е положбата на раката. Кога раката е повисоко крената и далеку од телото - тоа е пенал. Ако фудбалерот ја користи раката за да го рашири телото и да го блокира ударот, исто е нечесно и е пенал“.

Кујперс досуди најстрога казна, а топката ја зема Серхио Агуеро. Но Хуго Лорис му го одбрани пеналот и фрли преку 70.000 гледачи на новиот стадион на Тотенхем во еуфорија.

Лорис добро изучил како и каде шутира пенали Аргентинецот кој од сезоната 2017/2018 па до денес извел 14 пенали од кои дури 10 во левиот голмански агол. Така било и овој пат.

Но интересно е што сите 10 шута на Агуеро во својот десен а голмански лев агол завршиле во мрежата. Лорис е прв што го спречил.

А Лорис е единствениот голман кој му одбранил повеќе од еден пенал на Агуеро откако Кун е дојден во Европа. Првиот пенал на некогашниот зет за ќерка на Марадона против Тотенхем Лорис го одбранил во октомври 2014-та во Премиер лигата.

Иако Лорис нема совршена статистика на одбранети пенали: 14 одбранети шута, 67 примени гола при што во првата полусезона Французинот примил пет пенали по ред (два во Лига нации, три во Премиер лига).

Но затоа во 2019-та е неверојатен:

- На 10 февруари го одбрани силниот удар на Џејми Варди на мечот со Лестер (3:1 за Тотенхем)

- На 2 март нова „жртва“ стана Пјер Емерик Обамејанг. Лорис му одбрани пенал на Габонецот во 90’ минута од големото лондонско дерби и го спаси Тотенхем од пораз (1:1).

Тогаш многумина приметија дека Лорис стоел во место подолго од вообичаено. Французинот подоцна сам ја објаснил техниката:

„Многу зависи од изведувачот. Некој чекаат мало движење на голманот и во последен момент решаваат каде ќе шутираат. Сакам да го предомислам напаѓачот во последен момент, но тоа е најтешко - иако треба да се однесуваш максимално едноставно. Има голмани кои се справуваат со тоа, но јас не сум толку добар во тоа“, рекол Лорис.

Но синоќа во мега-дуелот против ултра богатиот Манчестер Сити на Гвариола одбрани круцијален пенал, затоа што ако Тотнем примеше гол дома така рано, ќе требаше да ризикува и да се отвори, а Сити тогаш е најопасен.