Ливерпул му даде седум гола на Спартак, голеада ширум Европа

Завесата во групната фаза од Лига на шампиони се спушти на неверојатен начин откако на 7 меча паднаа дури 33 гола. На „Енфилд“ Ливерпул оствари историска победа од 7-0 против Спартак Москва. Реал со 3-2 го совлада Дортмунд, а Севиља ремизираше 1-1 со Марибор.

Група Е

Марибор - Севиља 1:1 (1:0)
/Таварес 10’ - Ганзо 75’/

Ливерпул - Спартак Москва 7:0 (3:0)
/Кутињо пен. 4’, 15’, 50’, Фирмино 19’, Мане 48’, 76’, Салах 86’/

Група Ф

Феенорд - Наполи 2:1 (1:1)
/Јоргенсен 33’, Ст Јусте 90+1’ - Жиелински 2’/

Група Г

Лајпциг - Бешикташ 1:1 (0:1)
/Кеита 87’ - Негредо пен. 10’/

Порто - Монако 5:2 (3:0)
/Абубакар 9’, 33’, Брахими 45’, Тељеш 66’, Соареш 88’ - Глик пен. 61’, Фалкао 78’/

Реал Мадрид - Борусија Дортмунд 3:2 (2:1)
/Мајорал 8’, Роналдо 13’, Васкез 81’ - Обамејанг 43’, 49’/

Тотенхем - АПОЕЛ 3:0 (2:0)
/Љоренте 21’, Сон 38’, Н’Куду 80’/