Лесен залак за Македонија

Македонската фудбалска репрезентација со победа го отвори новиот квалификациски циклус за ЕП 2020. Момците на Игор Ангеловски играа викторија пред голот на Летонија која е 131-ва селекција според рангот на ФИФА и ја решија уште во првото полувреме.

Македонија победи за себе, за публиката но и за капитенот кој изјави дека не му е важно да постигне гол, туку има само желба на големиот јубилеј од 100 настапи за репрезентација да освојат три бода.

Пандев беше диригент во играта на нашиот национален тим кој го стави во шише противникот во првите 45 минути и го реши со два погодока во 11-та и 29-та минута.

И двата гола паднаа по контрите на Ил Капитано. Прво му асистираше на Алиоски за 1:0, а потоа му створи шанса на Илија Несторовски. Фудбалерот на Палермо погоди еден од Летонците во рака, но судијата даде предност која ја искористи ново влезениот Елиф Елмаз кој погоди за 2:0.

Членот на Фенербахче влезе на местото на повредениот Ферхан Хасани и постигна деби погодок за репрезентација. Со 19 години и 6 месеци тој е сега втор најмлад стрелец, а прв е Горан Пандев со 19 години и еден месец. 

Во 71-ва минута, Ангеловски реши да го повлече од игра Пандев и одма падна играта на нашата селекција. На 3 минути до крај гостите намалија на 2:1, но во третата минута од судиското продолженија Елмас стигна до втор гол, овој пат со мајсторски лоб удар за конечни 3:1

Барди за малку од корнер