Кук ли е, рака ли е?

Ваква драма како англиското дерби ретко се гледа во Лига на шампиони. 7 гола, признат гол со ВАР за пласман во полуфинале и троа спорен, па поништен гол со ВАР за елиминација и тоа во 93-та минута. Гвардиола во живот не скокал волку од радост и тоа за џабе.

Манчестер Сити синоќа беше елиминиран од ЛШ, а постигна 4 гола. Даде и петти во 93-та минута, стадионот ќе се срушеше, Пеп урлаше, ама Чакир го поништи поради офсајд.

Најголемото искушение турскиот судија го имаше во 73-та минута кога џокерот на Покетино, Фернандо Љоренте постигна гол за 4:3, резултат кој го однесе Тотенхем во полуфиналето.

Луѓето од ВАР собата му рекоа сам да ја процени ситуацијата, а тој заглави на мониторот бидејќи ова се тие многу тешки и заебани моменти за конечна одлука. Го имаме голот од три агли.

Пеп Гвардиола по мечот изјави дека ова е вистинската забавена снимка која не му ја покажале на Чакир и на која јасно се гледа дека топката прво му удира во рака на Љоренте, па во нога.

За што пишува и Дејли Мејл.

Фернандо Љоренте се чини искрено го опишува контроверзниот момент за кој вели вака:

„Почувствував дека топката малку ми ја допре раката, но раката беше блиску до топката која јас не ја видов. Не се обидов да ја удрам топката со рака и мислам дека мораше да биде гол“.

Не сме тука да судиме, ама ова нас ни личи на она што го викаме „рука ус тело“. Уште подобро да му препуштиме да објасни на славниот судија Марк Клатенбург кој ги судеше финалињата на ЛШ и ЕП во 2016-та.

„Ако топката отиде во неговата рака или обратно, тогаш голот треба да се поништи, дури и ако контактот не бил намерен. Но сепак, забавената снимка јасно покажа дека топката минува низ горниот дел од ногата на Љоренте. Топката можеби ја допира неговата рака, но контактот е минијатурен, а голот е постигнат со бут, а не со рака“.

Четири гола во први 11 минути никогаш претходно не паднале во ЛШ

И за никој да не навиваш не можеш да останеш рамнодушен на ваков хичкок натпревар, особено голот на Стерлинг во 93-та за 5:3. Погледнете го изразот на лицето на Пеп кога го поништија погодокот вреден полуфинале. Кутија дијазепами не го оправаат