Кои се најдобри изведувачи на слободни на сите времиња

Пирло, Михајловиќ, Рожерио Сени, Бекам, Роналдињо, Маркос Асунсао, Жунињо Пернамбукано, Зико, Рамбо Петковиќ и Марелињо Кариока важат за најдобри изведувачи на слободни удари во историјата на фудбалот.

Андреа Пирло, во кариерата досега постигна 40-ина гола од слободен удар. Доктор:

Дејан „Рамбо“ Петковиќ, еден од најдобрите Европејци кои играле фудбал во Бразил. Дал околу 35-40 гола од слободен:

Синиша Михајловиќ постигна 46 гола од слободен удар во кариерата. Во една сезона има дадено 11 гола од слободен од 13 обиди а се прослави со хет-трик од слободни удари:

Рожерио Сени, поранешниот голман на Сао Пауло влезе во Гинисовата книга на рекорди како прв голман кој дал 132 гола од кои 62 од слободен удар:

Дејвид Бекам даде 66 гола после прекин:

Роналдињо Гаучо постигна 66 гола од слободен удар во кариерата:

Маркос Асунсао, легендарниот Бразилец кој носеше осумка во Рома важеше за експерт за слободни:

Жунињо Пернамбукано важи за некрунисан крал на најдобрите изведувачи на слободни удари. Постигна 76 гола од слобден од кои 44 само во Лион. Во Европа го сметаат за најдобар изведувач на сите времиња:

Легендарниот Зико, еден од најдобрите бразилски фудбалери во историјата постигнал 101 гол од слободен удар - 17 за Удинезе, 15 за Кашима, 7 за Бразил и 62 гола за Фламенго. 37 од тие 101 ги дал на вечната Маракана:

Марселињо Кариока има околу 90 гола од слободни удари и единствен кој изведувал слободни од секој агол и од секоја позиција без исклучок. За разлика од него, Зико шутирал само кога фаулот бил близу голот: