Кои од фудбалерите имаат завршено факултет

Тешко дека некој талент за фудбал кој планирал да прави кариера и пари од оваа претерано платена професија (во некои странски земји), ќе батали да тренира за да се затвори дома и да учи. Но ете имало и такви кои стасале до диплома, а истражувањата покажуваат дека се само 1%. Чуму?

На 16 ноември 2010 година на унирвезитетот во Торино дипломирал најславниот студент, а тоа е Џорџо Кјелини кој по професија е економист.

Нагатомо од Јапонија пред да заигра во Италија завршил економија – политика на еден од шесте водечките академии во Токио.

Кој поранешен играч на Наполи, Лацио и Јувентус мислите дека е адвокат? Гуљиелмо Стендардо кој завршил правни студии во 2008-ма во Рим.

Во 70-те и 80-те бил фудбалер во помалите италијански клубови, а на 27 години дипломирал медицина во Перуџа. Се работи за Пјеро Волпи кој од 1995-та до 2000-та бил дел од лекарскиот тим на Интер и од 2014-та повторно го работи тоа.

Бекот Масимо Одо кој играше за Лацио, Милан, Баерн Минхен и беше Светски првак со Италија пред 10 години сега е тренер на Пескара. Во 2011-та заврши менаџерски науки.

Албанецот Ерјон Богдани кој е асистент тренер на Албанија, а градеше кариера во Италија има завршено економија во Италија.

Фабио Пекиа кој е прв на табела со Верона во Серија Б по професија е правник.

Иста професија со него дели Марио Лелпо кој е поранешен голман на Лацио, Каљари и Милан и кој има дипломирано во 1994-та.

Сигурно го паметите Зан Алан Бумсонг кој играше за Јувентус и кога клубот играше во втора лига. Епа математичар е.

За Луиџи Бегето тешко дека сте чуле бидејќи во Серија А има играно како член на Тревизо. Во 2002-ра дипломирал политички студии во Падова.

Актуелниот голман на ПАОК, Жељко Бркиќ кој бранеше во Удинезе, Карпи, Сиена и Каљари лани завршил историја.

Меѓу фудбалерите има и еден новинар, а тоа е Хуан Мата кој дипломирал на универзитетот во Мадрид.

10 ноември 2016 - 17:04